(ВИДЕО) СТРАВИЧНИ СЛИКИ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО МЕКСИКО: Меѓу 226 мртви и мали деца
Објавено во: Свет 20 Септември, 2017
Бројот на загинати во разорниот земјотрес кој вчера го погоди југот на Мексико пораснал на 226 меѓу кои има и 21 дете.
Во силниот потрес од 7,4 степени по Рихтер се урнати повеќе десетици згради, а повеќе илјади луѓе после земјотресот панично истрќале на улица, каде многумина и останале обидувајќи се да ги пронајдат преживеаните во урнатитните.
Градоначалникот на Мексико Сити Мигел Анхел Манчера рекол дека во тој град се урнале 44 згради, додека при уривањето на едно училиште загинале најмалку 22 луѓе, а повеќе од 30 се водат како исчезнати.
Спасувачите ги пребаруваат урнатините на делумно урнати школи . Две девојчиња наводно останале заробени во урнатините и успеале да им пратат порака на своите роднини.
Луис Фелипе Пуенте, шеф на Агенцијата за цивилна одбрана, рекол дека во државата Моралес загинале 55 луѓе . Пред само 11 дена земјотрес со магнитуда од 8,2 степени го погоди Мексико и однесе повеќе од 90 животи.
Santa Fe, Ciudad de México pic.twitter.com/DvUkKwhhWW
— Emilio León (@eleonbaz) September 19, 2017