18 Јуни, 2024
0.0283

(ВИДЕО) ТРГУВАЛЕ СО ДРОГА И ОРУЖЈЕ: Полицијата уапси 15 лица од Скопје

Објавено во: Македонија 17 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Полицијата денеска изврши претреси на 27 локации, при што се приведени 15 луѓе, односно сузбиени се три организирани криминални групи инволвирани во недозволена трговија со дрога и оружје. Тие се во полициска станица. 

Уапсените се на возраст од 20 до 54 години, сите се од Скопје, додека по тројца (З.Н., Е.Ш. и Ш.С.) се трага. При извршените претреси се пронајдени и одземени кокаин и марихуана кои се предмет на вештачење, муниција, пиштол, патнички моторни возила, поголема сума на девизни и денарски парични средства, мобилни телефони.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции и со учество на тимови од Царинската управа, под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, по повеќемесечно криминалистичко истражување, спроведе координирана полициска акција, во која беа сузбиени три повеќечлени организирани криминални групи. Тие подолг временски период беа инволвирани во вршење на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и оружје. 

Од јули 2022 до мај 2023 година, А.Р., како организатор, создал осумчлена организирана криминална група со цел купување, држење, пренесување, продавање и посредување во неовластена продажба на кокаин, амфетамин и марихуана во која членувале С.Р., Р.Н., А.Б., Д.Г., Е.А., З.Н. и Ѓ.А. и набавувал дрога од лица од Косово и Албанија која ја криел на безбедни локации во с.Сингелиќ, а останатите членови вршеле нејзина понатамошна продажба на заинтересирани купувачи од Скопје, Велес и други градови во државата. Дел од членовите биле задолжени да ја измерат и спакуваат во помали пакувања за нејзина понатамошна продажба, а останатиот дел од дрогата ја криеле во куќата кај А.Б.. Заради понатамошна продажба, по инструкции на организаторот, А.Б. го ангажирал Д.Г., а тој ги ангажирал Е.А., З.Н. и Ѓ.А. да најдат лица уживатели на дрога, на кои Д.Г. им ја доставувал со свое возило, со цел да ја продадат за сума од 4500 денари до 6000 денари за грам кокаин, од 200 денари до 300 денари за грам марихуана и од 1000 денари до 1500 денари за грам амфетамин. Парите од продажбата ги давале на организаторот, за што истиот им давал одреден процент.

При реализацијата е сузбиена и една десетчлена организирана криминална група, чиј организатор е Б.А., во која дел од членовите биле инволвирани во недозволена трговија со оружје и муниција, додека дел биле инволвирани во недозволена трговија со дрога. Од декември 2022 до мај 2023 година, Б.А., И.А., Д.А., А.С., О.Н. и М.Б. делувале организирано, заради неовластено држење, продавање и набавување на поголемо количество огнено оружје и муниција. Организаторот Б.А. од лице од Косово неовластено набавил автоматска пушка „Калашников“ калибар 7.62 мм, а во повеќе наврати од Д.А., сопственик на стрелиште во Скопје и од А.С., управител на стрелиштето, нелегално набавил поголема количина на муниција (800 куршуми калибар 7.65 мм и 300 куршуми калибар 7.62 мм) која ја купувал по цена од 40-45 денари за куршум. За чување и продажба на оружјето организаторот ги ангажирал О.Н. и М.Б. и кога ќе најдел купувачи по негови инструкции О.Н. го земал оружјето од М.Б. од с.Орланци и го носел на договорена локација во Сингелиќ, каде го продавале по цена од 1.000 евра. За транспортот О.Н. добивал по 50 евра, додека останатите пари од нелегалната продажба ги задржувал за себе. За набавка на муниција, организаторот го ангажирал И.А., кој од Д.А. и А.С. набавувал муниција и му ја давал на организаторот Б.А. на договорена локација, каде било и заинтересираното лице кое ја купувало за цена од 70-75 денари за куршум.

Дел од членовите на оваа криминална група се инволвирани во уште една организирана група за недозволена трговија со дрога. Од декември 2022 до мај 2023 година организаторот Б.А. набавувал дрога од лица од Косово и Албанија и ја чувал на безбедни локации, а за понатамошна продажба ги ангажирал членовите во организираната група М.Б., Е.Ш., Ш.С. и М.Б., да наоѓаат купувачи од Скопје и други градови, поради неовластена продажба и пуштање во промет на кокаин и марихуана. Членовите го договарале видот, количината и цената, а по инструкции на организаторот, М.Б. го пренесувал кокаинот од с.Арачиново до Синѓелиќ, каде Б.А. ја продавал на заинтересирани купувачи, додека Е.Ш. пренесувал кокаин и хероин од с.Арачиново и ги продавал на заинтересираните уживатели. За транспорт на дрога го ангажирал и М.Б., кој кокаинот го пренесувал и доставувал на Ш.С. во Шуто Оризари, кој го пакувал и го продавал на лица на подрачјето на Шуто Оризари. За ова тој од организаторот добивал одредена сума на пари.


Можеби ќе ве интересира

„ЕМ СИРОМАВ, ЕМ СЕ ДИГНАЛ ДО НЕБО“ - професорот Славески прашува како ние ја надминавме границата за издатоци за НАТО за одбраната, а тоа не го сториле помоќни земји

„ЕМ СИРОМАВ, ЕМ СЕ ДИГНАЛ ДО НЕБО“ - професорот Славески прашува како ние ја надминавме границата за издатоци за НАТО за одбраната, а тоа не го сториле помоќни земји

Зошто нема реакција од СДСМ за кандидатите за министри од ВМРО-ДПМНЕ?

Зошто нема реакција од СДСМ за кандидатите за министри од ВМРО-ДПМНЕ?

„УБИСТВО СО УМИСЛА ИЛИ САМООДБРАНА“: бурни реакции по трагедијата во Кратово, сведоци тврдат оти жената со години била малтретирана

„УБИСТВО СО УМИСЛА ИЛИ САМООДБРАНА“: бурни реакции по трагедијата во Кратово, сведоци тврдат оти жената со години била малтретирана

БЕШЕ ИКОНА НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИКА И ПРВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА - на 89 години почина Стојан Андов

БЕШЕ ИКОНА НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИКА И ПРВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА - на 89 години почина Стојан Андов

Општина Карпош: Обвинителството и МВР да упаднат во дивата населба во Злокуќани

Општина Карпош: Обвинителството и МВР да упаднат во дивата населба во Злокуќани

„Новата Влада да изврши анализа и ревизија на целиот процес“: Левица за неостварената инвестиција во Тетово

„Новата Влада да изврши анализа и ревизија на целиот процес“: Левица за неостварената инвестиција во Тетово

Познат идентитетот на загинатите од Галичица: Двајца родители од Ресен

Познат идентитетот на загинатите од Галичица: Двајца родители од Ресен

РЕЧИСИ ПОЛОВИНА ОД ПАРИТЕ НА АВРМ ОДАТ ЗА НЕВРАБОТЕНИ: Еве што вели извештајот на Ревизија

РЕЧИСИ ПОЛОВИНА ОД ПАРИТЕ НА АВРМ ОДАТ ЗА НЕВРАБОТЕНИ: Еве што вели извештајот на Ревизија

„ДРЖАВАТА Е ДОВЕДЕНА ВО НЕЗАВИДНА СИТУАЦИЈА, НЕМА ЛУКСУЗ ДА СЕ ДЕЛИМЕ“: Милошоски вели буџетот е на критично ниско ниво

„ДРЖАВАТА Е ДОВЕДЕНА ВО НЕЗАВИДНА СИТУАЦИЈА, НЕМА ЛУКСУЗ ДА СЕ ДЕЛИМЕ“: Милошоски вели буџетот е на критично ниско ниво