28 Мај, 2024
0.0247

(ВИДЕО) ВИ ОТКРИВАМЕ: Како најлесно до работа во Австралија?

Објавено во: Стил 29 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Кабинетот за имиграција и заштита на границите на Владата на Австралија неодамна издаде видео во кое во 5 минути ги објаснуваат најважните информации за доаѓање на странци во Австралија.

Пријавата за вистинскиот вид на виза, услови кои мора да ги исполнувате, обврски кои ги имате кога дојдете во Австралија…

Се тоа ќе го најдете во ова корисно видео.

А официјалната страна на Владата на Австралија каде може да ги најдете сите потребни информации за аплицирање и добивање на виза е на овој линк.

Доколку вашето занимање се наоѓа на SOL листата (Skilled Occupation Lists), многу веројатно може да договорите „eligibility letter“ со некоја од посредничките агенции.

За што точно се работи?

Еден од наједноставните начини за добивање на работна виза е визата 457 која се наоѓа на овој линк и овозможува доаѓање и работа во Австралија, во случај личноста сама да најде работодавач во Австралија, кој е подготвен да ги спонзорира работниците за потребите на срдувања околу имиграциските документи и кој ќе му овозможи рабита за време на траењето на привремената работна дозвола.

За жал, ова звучи поедноставно од што е.  Been there, done that.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/01/27/polesno-do-rabota-vo-avstralija-eve-i-kako/" target="blank" ]Полесно до работа во Австралија-Еве и како![/button]

Постојат агенции кои се занимаваат со посредство при вработувањето, односно врз себе го преземаат ризикот спонзоршип, т.е. „изнајмуваат“ работник на друга компанија.

Секако, агенциите тоа не го правт бесплатно, туку земаат провизија од вашата бруто плата за време на траење на вашиот договор со нив, односно додека не пронајдете компанија која е подготвена дирекно да ве спонзирира за потребите на виза 457.

Сега некои од вас сигурно се помалку збунети …Значи:

Агенцијата нема да ви бара работа.

Агенцијата нема да ви најде работа.

Работа и понатаму мора да барате сами.

Се што ќе ви овозможи агенцијата е едно парче документ , односно  „Eligibility letter“ кој ќе им го приложите на работодавачите кога им праќате молба за работа.

Вие само треба да знаете дека работодавачите не сакаат кога вез себе мора да го преземат ризикот на спонзоршип за потребите на виза 457.

Од разговори со еден агент за шосредство во барење на работа , шансата некој од агентите да ја погледне вашата молба без да имате работна дозвола и без да приложите „Eligibility letter“ е со 5%, а доколку приложите  „Eligibility letter“ шансата некој да го погледне вашето CV е 81%.

Накратко, на работодавачите и агенциите во посредството при вработување „Eligibility letter“ им е доказ дека поседувате знење и искуство кое е потребно дека може да се пријавите за skilled визата.

За жал, тоа значи дека доколку немате знимање од SOL листата, никој нема да ви даде „Eligibility letter“

Секако, тоа не е се.
Дури и ако пронајдете работодавач кој сака да ве вработи посредно преку агенција која ќе го преземе спонзоршипот, работодавачот мора да ви понуди минимална законска дозволена бруто плата за одредено занимање.
Секој кој има можност, а сака да добие виза 457 спонзоршип, му препорачуваме да ја контактира агенцијата „Lesters associates pty ltd“ на која можете да прочитате подетално овде.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“