Кое ќе биде новото име на ВИП?
Објавено во: Економија 05 Октомври, 2017 07:32
Телеком Австрија донесе одлука сите свои брендови да ги обедини под едно име „А1“ со цел да дојде до унифицирање во сите земји каде има мобилни оператори. А1 е името кое е одбрано бидејќи го претставува мобилниот оператор во Австрија кој има добиено најдобри оценки, па токму таа доверба на корисниците и позитивниот впечаток треба да ги засили и останатите оператори вклучувајќи го и македонскиот Вип. За новата стратегија и кога може да очекуваме да „стартува“ А1 во Македонија разговаравме со претставници на Вип.

Фактор: Што ќе значи новата стратегија на Телеком Австрија за оне.Вип, кога може да очекуваме ребрендирање во А1 и во Македонија?
Вип: Одлучено е ребрендирањето во брендот А1 во сите земји каде што Групацијата има свои операции да се случува постепено во зависност од околностите во земјата. Целта на Телеком Австрија Групацијата е обезбедување на повеќе од 24 милиони корисници со искуство на еден бренд за сите понуди на сите пазари и да ја зацврсти својата позиција пред очекуваната консолидација на Европските телекомуникациски пазари.
Фактор: А1 е името кое се користи за главниот мобилен оператор на Телеком Австрија на домашно тло во Австрија. Што сугерира овој бренд и дали од плановите за промени може да се очекува и промена на услугите, поинаков пристап и посилна унификација?
Вип: А1 е силен бренд со целосна услуга на комуникациски решенија. Перцепиран е како одговорен, доверлив и напреден, кој истовремено нуди одлична и квалитетна услуга и корисничко искуство како и со напредна и модерна комуникациска инфраструктура. А1 се стреми да испорача потполно и најдобро корисничко искуство, поврзувајќи ги луѓето, местата и нештата со решенија што го збогатуваат доживувањето на работа, живот и игра во Дигиталната Ера. Бренд системот на А1 е доволно флексибилен за да ги задоволи сите индивидуални и локални потреби а истовремено да биде универзално применлив со цел да овозможи доследност.
Фактор: Врз што се базира одлуката на Телеком Австрија за целосна употреба на А1 брендот во сите земји каде има свои мобилни оператори?
Вип: Се очекува силен и заеднички идентитет на брендот, карактеристична вредносна понуда, постојаност и кредибилитет како и подобрена мулти-национална видливост, со цел да го поддржат работењето на компаниите на нивните пазари како и да ја поттикнат корисничката доверба и растењето.
Разговараше: Христијан СтаноевиќМожеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




