19 Декември, 2025
0.0444

“Вистеон Електроник“ почна да се пакува – не примаат нови нарачки!?

Објавено во: Економија 21 Октомври, 2015 08:22

Добивај вести на Viber

Некогашен Џонсон Контролс, односно компанијата “Вистеон Електроник“, која го најави своето повлекување во 2016 година, повеќе не прима нови нарачки за производство во погоните во Бунарџик 1. Имено, извори на “Фактор“ тврдат дека откако компанијата, од своето седиште во Велика Британија, соопшти дека донела одлука да се повлече од Македонија, веќе влегла во процес на реализација на оваа одлука. Доброупатени  тврдат дека можно е дури и повлекувањето, кое беше најавено за крајот на 2016 година, да се случи порано. Оваа одлука веќе им била соопштена и на вработените. “Она што сега е прашање е каква ќе биде судбината на овие луѓе, дополнително тука се и фимите, кои индиректно се поврзани со фабриката, како соработници. Не е исклучено дека планот за заминување ќе се оствари уште на почетокот од 2016 година“, коментираат извори за “Фактор“ Во исто време, според информациите, компанијата повеќе не примала ниту нови нарачки од странство, односно ги пренсочувала од Македонија кон своите капацитети што ги има во други држави.  Сега, во тек било прoизводство на она што веќе е договорено. Според неофицијални информации, британските инвеститори веќе се обидувале да најдат и сопственик на фабричките погони, но засега немало заинтреесиран купувач. Минатиот месец беше обелоденето дека Вистеон Електроник си заминува од Македонија догодина. Од седиштето на компанијата соопштија дека причината за тоа била бројноста на погоните во европските земји. “На 1 јуни, Вистеон ги информираше вработените во својата  фабрика во Скопје дека компанијата има намера да ја стопира работата на погоните кон крајот на 2016 година, поради вишокот капацитети во европското производство на компанијата. Вистеон е во разговори со потенцијален купувач за можноста „трета страна“, да ја преземе сопственоста над фабриката и да понуди  вработување на дел од постојаните работници“, соопштија од Винстеон Електроник. Оваа компаниј, под брендот “Џонсон Контролс“, влезе во Макеоднија  во 2006 година, а во 2007 доби државна помош во вредност од 8,8 милиони евра.Тоа беше практично и првиот странски инвеститор со кој преговорите почнаа во времето на претходната влада. „Се решивме за инвестирање во Македонија по двегодишно преговарање. Треба да се биде возбуден од отворањето 150 нови работни места, но вистински предизвик ќе биде кога по 1 година ќе дојдам повторно за да го означам стартот на производството и кога по 10-15 години ќе се вратиме на денешниот ден и ќе бидеме задоволни од она што сме го постигнале". изјави Џон Барт, прв човек на Џонсон Контролс при официјализирање на одлуката за инвестирање во земјава. Првата фабрика беше отворена на 12 декември 2007 година во технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1, односно Бунарџик 1.  Инвестицијатабеше проценета на  40 милиони американски долари со 321 вработен. На 17 октомври 2011година,  „Џонсон Контролс“  ја отвори втората фабрика, односно инвестиција во вредност од 18 милиони американски долари во ТИРЗ – Штип, каде според најавите се вработија 1 500 луѓе. Според најавите во март, годинава, бројот требаше да се зголеми за уште 200 нововработени. Комисијата за заштитита на конкуренцијата  најави дека ќе се испитува државната помош што Џонсон Контролс ја добивал во периодот од 2007 до 2012 година. Комисијата наведе дека постои сомневање оти компанијата два пати пријавувала исти трошоци и за иста работа добивала државна помош. „Заради сериозно сомневање дека во периодот од 2007 до крајот на 2012 година, на корисникот на државна помош ВИСТЕОН ЕЛЕКТРОНИКС МАКЕДОНИЈА му е доделена државна помош во име на персонален данок на доход вклучен во исплатена државна помош по основ на компензација на 50% од бруто плата, државна помош која корисникот на помошта ја има добиено по два основа – еднаш врз основа на одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата како компензација на бруто плати од 50% и повторно како ослободување од плаќање на персонален данок на доход помош доделена врз основа на Законот за технолишки индустриски развојни зони, кој со Одлука на Комисијата за заштита на конкуренцијата е одобрен како шема на помош, а притоа корисникот на помошта има пријавено исти тошоци како оправдани трошоци врз основа на кои ја има добиено помошта, а кое нешто е спротивно на Законот за технолишки индустриски развојни зони“ , соопшти  Комисијата за заштита на конкуренцијата. Од Владата воздржано ја коментираа одлуката на Винстеон Електроник да замине од Македонија, со образложение  дека тоа е деловна одлука на приватна компанија. Д.Д.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?