21 Септември, 2024
0.0283

„Вива“ продолжува да ги освојува светските пазари

Објавено во: Мои пари 08 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Нашиот најголемиот и најпознат македонски производител на природни овошни сокови, каши и пиреа „Вивакс“ повторно успешно се претставува на најпрестижниот светски саем за храна и пијалаци, со 100 годишна традиција - „Ануга“ во Келн, Германија. Околу 7000 изложувачи и повеќе од 150.000 посетители кои ќе имаат можност да ги дегустираат и македонските производи од брендот „Вива“.


Штандот на ВИВА, како и нивните високо квалитетни производи привлекуваат огромно внимание кај големиот број посетители, претставници на познати ланци маркети, дистрибутери, познати увозници, менаџери и сопственици на компании од целиот свет.

Покрај овошни сокови, познатата домашна компанија на Ануга во Келн ги нуди и високо квалитетните природни овошни каши добиени со преработка на свежо македонско овошје, јаболка, праска и  вишна кои се употребуваат за производство на природни сокови, смути и детски овошни каши.


Ануга е место каде се сретнуваат и учество земаат сите значајни фактори во прехрамбената индустрија, а Вива со својот препознатлив квалитет и иновативност веќе традиционално е дел од оваа приказна.

Учеството на саемот во изминатиот години како и високиот квалитет на нашите производи ни донесе како компанија извоз во над 20 земји, како што се Кина, САД, Канада, Кариби, Либија, Малта, Обединети Арапски Емирати и др. Тука е местото каде се прават првичните контакти за понатамошна соработка. На саемските манифестации од овој тип, насочени сме и кон размена на искуства и информации за идните трендови во прехранбената индустрија“ - изјави Ристо Јосифовски, управител на Вивакс.


Компанијата “Вивакс“ годинава промовираше нови газирани цитрусни пијалаци „Вива Спарк“. Уникатноста е дека овие нови производи во својот состав имаат многу повеќе свежо овошје кое брзо ја згаснува жедта и освежува. 


„Вивакс“ оваа година одбележува јубилеј од 25 години постоење. Компанијата располага со најсовремена технологија и постојано ги следи трендовите во производството на сокови, континуирано вложува во модернизација на производствените процеси, современа организациона структура и тим кој брои повеќе од 110 вработени. Фабриката се наоѓа на локација со вкупна површина од околу 50.000 метри квадратни. 

Можеби ќе ве интересира

Последен ден за пријавување за маратонската магија на 20. Виз Ер Скопски маратон

Последен ден за пријавување за маратонската магија на 20. Виз Ер Скопски маратон

Дигитализацијата е моментална потреба, а не иднa аспирациja

Дигитализацијата е моментална потреба, а не иднa аспирациja

Промотивен депозит со исплата на камата веднаш - Уникатна понуда за штедење од ПроКредит Банка

Промотивен депозит со исплата на камата веднаш - Уникатна понуда за штедење од ПроКредит Банка

Вработените во Teleperformance наградени со патување во Истанбул, Париз и други вредни награди

Вработените во Teleperformance наградени со патување во Истанбул, Париз и други вредни награди

Македонски Телеком воведува деловна услуга за сајбер безбедност

Македонски Телеком воведува деловна услуга за сајбер безбедност

Hisense телевизорите конечно ја добиваат најбараната апликација за стриминг

Hisense телевизорите конечно ја добиваат најбараната апликација за стриминг

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АЗЕСКИ ГОВОРНИК НА БИЗНИС ФОРУМОТ ВО БЕРЛИН

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АЗЕСКИ ГОВОРНИК НА БИЗНИС ФОРУМОТ ВО БЕРЛИН

ВИДЕОЛОТАРИЈА ИЗГРАДИ 17 ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА НИЗ МАКЕДОНИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ИЗГРАДИ 17 ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА НИЗ МАКЕДОНИЈА

ШПАРКАСЕ БАНКА, ПРВА И ЕДИНСТВЕНА БАНКА СО НАМЕНСКИ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ ЗА МЛАДИ

ШПАРКАСЕ БАНКА, ПРВА И ЕДИНСТВЕНА БАНКА СО НАМЕНСКИ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ ЗА МЛАДИ