18 Декември, 2025
0.1046

Владата од 2022 размислува повторно да субвенционира нискобуџетни летови

Објавено во: Економија 21 Септември, 2021 07:28

Добивај вести на Viber

Владата на последната редовна седница разгледувала можност за започнување на нова постапка за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници за субвенционирање на билетите, што по автоматизам треба да повлече нивно поевтинување за патниците.

На почетокот на 2022 се отвора можност за четврто субвенционирање на летовите и линиите на нискобуџетните компании, затоа што до крајот на годината завршува тригодишната владината уредба за финансиска помош донесена во 2018.

Тековниот циклус на субвенции со „Визер“ заврши неславно, откако овој оператор во 2018 го доби тригодишниот договор по третиот јавен повик, иако беше единствениот што поднесе понуда. Договорот беше потпишан на почетокот од 2019 со важност од три години, односно до крајот на 2022.

Во меѓувреме субвенционирањето престана затоа што „Визер“ не можеше да го исполни својот дел од договорот поради околносите со пандемијта, по што мораше да се затворат потребните авиолинии. Претходно Владата донесе уредба со поддршка за авиокомпании и програма за определување средства за финансиска поддршка со важност од почетокот на 2019 до крајот на 2021.

Според претходните договори, „Визер“ добиваше по 5 милиони евра за три години. Унгарската авиокомпанија требаше да воведе по четири нови линии од аеродромите во Скопје и Охрид. Од аеродромот Скопје требаше да се лета до Карлсруе/Баден-Баден, Бремен, Ларнака и Турку, а од Охрид кон Малме, Милано, Меминген и Дортмунд. Ова субвенционирање требаше да поттикне евтини цени од 20-тина евра за летовите.

Двата македонски аеродроми - скопскиот и охридскиот 2020 година ја завршија со над 782.876 патници, што претставува пад од 70,9 проценти споредено со 2019 година. Во однос на уделот на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај, Визер има превезено најголем број од патниците со 65,9% од пазарен удел, а потоа следуваат Туркиш Ерлајнс (7,7%), Пегасус (6%), по што следуваат преостанатите. За охридскиот аеродром Визер има превезено најголем број од патниците со 88,56 отсто од пазарниот удел.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?