Власта молчи: Што се крие зад стопираната изградба на пругата Битола Грција?
Објавено во: Економија 28 Септември, 2016 07:45
Изградбата на пругата од Битола до Грција не само што доцни, туку е и стопирана. Но, неколкуте табли поставени низ Битола, на кои пишува дека железничка траса треба да готова на први јули годинава, секојдневно ги потсетуваат Битолчани на големите ветувања за овој проект за кој сега не се знае дали и кога ќе биде завршен.
За помпезната владина најава за реализација овој проект, сега сведочат токму таблите поставени во Битола, каде е напишано дека изградбата на трасата што се финансира со 20 милиони евра од европските фондови, треба да биде завршена на први јули годинава. Но, и дека проектот го реализира Министерството за транспорт и врски.
Но, наместо целосно завршување изгрдбата на пругата има огромно доцнење, а од друга страна и дел од работите се стопирани.
На железничка траса, што требаше да се изгради во должина од 17 километри, засега пруга има поставено на само еден километар. На мал дел од трасата е поставен само тампон, додека најголемиот дел од железничката траса се уште е само земјен пат. Дел од тој земјен пат, дури не е ниту пробиен и означен дека тука ќе се гради пруга.
Со оглед дека пругата требаше целосно да биде завршена пред два месеци, а состојбата на терен покажува дека работите се уште се на почеток, жителите на Битола се повеќе се сомневаат дека овој проект ќе се реализира.
Од надлежното Министерство за транспорт и врски, цел месец не одговараат зошто изградбата на пругата доцни, а проектот е далеку од завршна фаза, ниту пак има одговор кога ќе заврши изгрдбата.
Но, проблемот со изградбата не е само во доцнењето, туку работите се стопирани затоа што дел од фирмите подизведувачи обвинија дека бугарскиот конзорциум што го доби тендерот не им исплаќал пари за завршената работа, поради што тие запреа со изгрдба.
Од Министертсвото за транспорт и врски побаравме одговор, како е дозволено проекто што се финансира со европски пари, од една страна да заглави во должнички проблеми со изведувачоѕе и подизведувачите, а од друга страна да има огромно доцење. Сепак, оттаму нема објаснување за ниту едно прашање.
Мисајловски бара отчет од СДСМ за нивното владеење, но молчи за запрената изградба на пругата во Битола
И додека работите на терен се сопрени, изгрдбата доцни, власта и опозцијата се препукуваат за тоа кој што сработел.
СДСМ обвини дека за време на десет годишното владеење, оваа влада не пушти во употреба ниту една нова железничка пруга, а дополнително ги укина сите меѓународни и дел од домашните линии. Но, додаваат и дека со стопирањето на изградбата на пругата кон Грција, што се финансира со европски пари се покажува неодговорното владеење на оваа коалиција, што доведе до губење на многу европски пари.
„Со оваМакедонија уште еднаш се покажа како неподготвена да изработи крупен инфраструктурен проект.Македонија е под истрага за проневера на средства од ИПА фондовите, а ова е една од причините зошто Македонија загуби преку 100 милиони евра неповратни средства од ЕУ, изјави Благој Бочварски од СДСМ
Бочварски посочи и дека е неодговорнотокму Министерството за транспорт и врски да се прави ненадлежно за реализацијата на овој проект.
Од ресорното Министерство за транспорт и врски пак побарааод СДСМ да кажат што сработиле вожелезницата додека беа на власт, посочувајќи дека ќе бидат запаметени по уништување и разграбувње на имотот на железница.
„Избегнуваат да дадат одговор што се случи со кредитите штотие ги земаа за проекти во железницата кои никогаш не сереалзираа.Наместо да изјавуваат лажни тези, да им објасанатна граѓаните каде завршија тие пари, се наведува во соопштението на Министерството за транспорт и врски.
Сепак, во рекацијата на ова министерство, повторно нема ниту збор за тоа зошто доцни и е стопирана изгрдбата на пругата во Битола, ниту пак се објаснува зошто дел од компаниите обвинија дека не добивале пари за сработеното.
Наташа Стојановска
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа




