ВМРО ДПМНЕ го повикува Заев да отстапи од платформата, за возврат му ветуваат поддршка за Влада
Објавено во: Македонија 03 Март, 2017 09:38
Партијата на Никола Груевски уште еднаш го повика опозицискиот ривал Зоран Заев да не ја прифати платформата на ДУИ .
ВМРО ДПМНЕ ја повика СДСМ да отстапи од политиките кои според нив се спротивни на државните и национални интереси а за возврат со своите 51 пратеник ќе ги поддржат да формираат Влада.
„ВМРО-ДПМНЕ јасно ја соопшти својата позиција уште пред да влезе во преговори за формирање на идната владина коалиција, а таа гласеше „Влада да, но не по секоја цена“.
ВМРО-ДПМНЕ одби да разговара под уцена за прифаќање на платформата изготвена и потпишана во Тирана чија крајна цел е редефинирање на Република Македонија и нејзино трансформирање од мултиетничка во бинационална држава.
СДСМ е уценет само заради тоа што изгуби на изборите, не ја доби поддршката на граѓаните и не освои мнозинство гласови за да формира влада. Сега СДСМ е доведен до ѕид заради патолошката желба на Зоран Заев да биде премиер по секоја цена“, соопштуваат од партијата на екс премиерот во утринското соопштение до јавноста.
Оттаму посочуваат дека СДСМ прифаќа и гледа позитивно на платформата од Тирана.
„Затоа СДСМ се согласува на официјализирање на албанскиот јазик и воведување на двојазичност на цела територија. Затоа СДСМ се согласува на менување на банкнотите и униформите. Целата јавност деновиве беше сведок дека СДСМ ги прифатил и останатите сегменти од платформата кои подразбираат носење на резолуција за прогласување на геноцид врз албанците.
Сите овие отстапки на СДСМ се исклучително опасни по иднината на Република Македонија. Цената на уцените, на крај нема да ја плати само Заев и СДСМ, туку Република Македонија“, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.
Според владеачката партија само брзи вонредни избори се спас од оваа состојба и Заев јавно да се откаже од платформата.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




