19 Декември, 2025
0.0779

ВМРО ДПМНЕ крие дека и дале на ДУИ писмени гаранции?

Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2017 17:17

Добивај вести на Viber

Рафиз Алити ги поби тврдењата на ВМРО ДПМНЕ дека не доставиле писмени гаранции до ДУИ.

Овој функционер на ДУИ во изјава за Телма посочува дека партијата на Али Ахмети добила писмен документ од партијата на Никола Груевски за време на преговорите и истиот бил прочитан на Централното претседателство. 

Според Алити ВМРО ДПМНЕ се согласиле и ги прифатиле сите барања на ДУИ освен продолжувањето на мандатот на СЈО што било и главна причина за непостигнување на договор.

Овие денешни тврдења се спротивни на тврдењата на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски кои негираа дека СЈО било причина за пропаднатите преговори. Од ВМРО ДПМНЕ неколку пати соопштуваа дека двојазичноста била проблем за нив.

„Во повеќе наврати потенциравме дека СЈО воопшто не беше проблем во разговорите со ДУИ за формирање на Влада. Изминатиов период и преку интервјуа, изјави и соопштенија посочивме дека со ДУИ на почетокот се констатираа различни позиции во однос на СЈО кое не само што не ги оправда очекувањата туку се покажа како целосно непрофесионален, некредибилен и политички наместо правен орган. Над 95 отсто од времето за разговори беше посветено на дебата околу барањето на ДУИ за воведување на двојазичност, каде беа и главните разлики“, тврдат од кабинетот на Груевски.

И самиот Груевски во последното интервју за ТВ Нова потенцира дека клучната работа за која не се договориле со ДУИ била поврзана со концепцијата околу измените на Законот за јазици. 

„Имаше и други работи што не ги усогласивме до крај, вклучувајќи ги и кадровските прашања. На крајот снема малку и време бидејќи разговорите почнаа доцна. Останаа неразјаснети некои работи и на крајот видовме како сето тоа заврши кај нив“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот