ВМРО-ДПМНЕ: На кандидат за градоначалник му беше вперен пиштол од полицаец
Објавено во: Македонија 22 Септември, 2017
На кандидат за градоначалник му беше вперен пиштол од полицаец затоа што е од друга политички опција спротивна на СДС, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.
Станува збор за кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, Митко Јанчев.
ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува насилничкото и брутално однесување на СДС и инститиуциите кои тие ги имаат под контрола.
„Очигледен е стравот и преплашеноста на СДС од народот и енергијата која е наочена против беззаконието кое тие го манифестираат. Со ова се покажа дека СДС ја има киднапирано државата и ги урива сите вредности на демократијата. Претходно граѓаните беа малтретирани и автобуси праќани на вонреден технички преглед, со што СДС манифестираше брутално беззаконие. За ова СДС ќе одговара. Ќе дојде ден кога ќе излезат пред очите на правдата“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата соопштуваат дека СДС со нивните злоупотреби не можат да ја спречат енергијата на народот насочена против нив. Одговорот од народот пристига на 15 октомври, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.