ВМРО-ДПМНЕ на марш против притворот на осомничените за Крвавиот четврток
Објавено во: Македонија 03 Декември, 2017
Покрај Никола Груевски кој беше во првите редови, втор ден по ред протестите ги води и Христијан Мицковски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ за кого се шпекулира дека ќе биде нов лидер на опозицијата.
Протестниот марш е за поддршка за лицата кои се приведени во врска со настаните во Собранието од 27 април оваа година по барање на ЈОРМ.
Учесниците носат транспаренти на кои е испишано „Слобода за Богдан“, “Доле за хунтата“,
„Доле Влада, злото мора да се победи“, „Дурловски е уметник, а не терорист“.
Протестниот марш се одвива под зајакнато полициски присуство, а пред Владата се поставени
бина и озвучување и се очекуваат обраќања на учесниците.
Веќе неколку дена во фокусот на јавноста е апсењето и правната разврска за настаните од 27
април