19 Декември, 2025
0.0435

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО ги храни лажните вести на СДС

Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2017 18:20

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ успеа со едно партиско соопштение да ги нападне политичките ривали СДСМ, медиумите кои критички известуваат и секако Специјалното јавно обвинителство кое го води Катица Јанева.

- СЈО уште еднаш се докажа како крајно непрофесионална, необјективна и партизирана институција. Ова се потврдува со манипулативното лиферување документи околу наводните истраги кои ги спроведуваат Јанева и колегите.

Основната цел на Катица Јанева не е правдата, туку слугување на пропагандата на СДС. Дури и бруцош на правниот факултет знае дека во апсурдните обвиненија на Јанева не постојат докази за било каков криминал, а истрагите кои ги отвора се срам за било кој обвинител во светот.

Основната цел на Катица Јанева била и останува обезбедување на приказни за медиумите под контрола на СДС за оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ кое треба да помогне во дефокусирање на јавноста од ветувањата што ги даваше Заев во предизборниот период.

Но, Јанева е прочитана книга. Без оглед на приказните со кои СЈО ги храни лажните вести на СДС, граѓаните од Заев и новата влада очекуваат нови 500 километри автопат, просечна плата од 30.000, а минимална од 16.000 денари, додека пак докторите очекуваат плати од 100.000 денари.

СДС ќе мора да се соочи со реалноста. А таа вели дека ВМРО-ДПМНЕ на првата владина седница донесе одлука за отпис на долгови на граѓани. СДС на првата владина седница одлучува да урива градби и да укинува започнати проекти и реформи. Граѓаните ја гледаат разликата, а истата ќе ја види и СДС на првите наредни избори“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот