29 Март, 2024
0.0293

ВМРО-ДПМНЕ со полош дебакл од тој на СДСМ во 2013

Објавено во: Анализа 30 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

По сумирањето на финалните и конечни резултати утврдено е дека ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори има победено во само 5 општини вкупни и тоа се трите општини на скопска територија Илинден, Петровец и Сопиште, но ниту една општина во градот Скопје, како и Зрновци со тоа што од поголемите градови единствено победија во Кавадарци.

Ако се гледа по бројот на општини ВМРО-ДПМНЕ има една повеќе од СДСМ кои исто така во 2013 доживеја тежок дебакл на локалните избори. Сепак, тогаш СДСМ имаше голема надеж бидејќи победи во Струмица, Куманово и Центар па од таму ја градеше својата позиција во битката со власта на Груевски и долгите обиди да се направи пресврт во политичката криза.

Ова се едни од најлошите изборни резултати на ВМРО-ДПМНЕ во историјата со што се урива целосно митот дека Никола Груевски е непобедлив и дека народот е на нивна страна. ВМРО-ДПМНЕ не успеа да го задржи водството од првиот круг, а губи во голем број на свои традиционални бастиони каде со години ја имаше локалната власт во свои раце.

Активистите на ВМРО-ДПМНЕ во 2013 ја пееја „Цело Скопје ВМРОВСКИ град“, па сега можеме само да замислиме која ќе биде новата „локална“ химна на СДСМ која ја презема целосно власта во главниот град, но и речиси насекаде низ Македонија победувајќи во вториот круг во уште дваесетина општини со што вкупно на овие локални избори освои 57 градоначалници, а да потсетиме и дека кандидатите кои партијата на Заев ги поддржа како дел од коалицијата со ДУИ исто така победија при најзначајни се тие во Чаир, Тетово и Струга што дава нова димензија на меѓуетничките и меѓупартиските односи.

ВМРО-ДПМНЕ и Груевски засега не ги признаваат резултатите од изборите обвинувајќи за големи нерегуларности и недемократски услови, па дури побараа и предвремени парламентарни избори по Пржинскиот модел. 

Таквите барања на Груевски во кои е вклучено и замислете ново Специјално јавно обвинителство (потсетете се колку го критикуваа СЈО дека е неуставно) се навистина небулозни и нереални, па во следниот период ќе мора да се работи на смирување на меѓупартиските страсти и посветување на решавање на проблемите наместо брзање кон нови избори.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот