ВМРО ДПМНЕ: Уцената која ја прифаќа СДСМ има огромна цена која ќе ја платат граѓаните!
Објавено во: Македонија 02 Март, 2017 17:10
Владеачката партија не се откажува од ставот дека платформата на ДУИ која СДСМ ја прифати е платформа која ќе ја редефинира државата.
Еден ден после одлуката на шефот на државата да не му го даде мандатот на опозицискиот лидер се јави и партијата на Никола Груевски.
Од ВМРО ДПМНЕ велат дека „уцената која што СДСМ ја прифаќа има огромна цена, а цената нема да ја плати само СДСМ туку целата држава.
„Прифаќањето на платформи на туѓи држави како основа за преговори и формирање коалиции е процес кој води во разградување и редефинирање на државата“, потенцираа од ВМРО ДПМНЕ.
Оттаму велат дека „Нетранспарентноста на целата постапка и криењето на договорот, остава огромен сомнеж за ризиците кои ги содржи истиот. Според ИК постигнувањето на договор со кој се одлучува за иднината на унитарна, суверена и мултиетничка Македонија зад затворени врати, креира тензии во земјата и го буди гневот меѓу граѓаните. Штетите предизвикани од ваквото постапување може да бидат огромни и далекусежни“.
ВМРО ДПМНЕ потенцираат дека ќе ја поддржат идната влада само доколу СДСМ ја отфрли целосно платформата на албанските партии.
„ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи реализирање на вакво сценарио кое е спротивно на државните и националните интереси и ќе застане на страна на народот кој на изборите не гласаше за платформата од Тирана. Напротив, мнозинството граѓани ја поддржа програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ и ВМРО има обврска кон гласачите да ја почитува нивната волја“, додаваат од партијата на екс премиерот.
Да потсетиме...
Токму за оваа платформа преговараше и владеачката партијаи истата не беше проблем кога ВМРО ДПМНЕ го имаше мандатот во раце.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




