19 Декември, 2025
0.0527

ВМРО-НП бара Груевски да го спрема народот за трета светска војна

Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2016 21:12

Добивај вести на Viber

ВМРО-Народна партија денеска соопшти дека го следи развојот на настаните на глобално ниво, каде што секојдневно се соочуваме со драматично влошување на состојбите на кризните жаришта со зголемување на опсегот и жестината преку силни воени дејствија.

- Бројни признати авторитети, сегашни и поранешни политичари, воени аналитичари и високи воени функционери, во своите анализи, предупредувања и заклучоци, укажуваат на се поголемата веројатност од еруптивно проширување на воените дејствија и на други територии и држави кои во моментов не се опфатени, при што не ја исклучуваат и можноста и од употреба на нуклеарно оружје Поимот Трета Светска Војна, секој ден се почесто се употребува во медиумите ширум светот, што самото по себе е крајно вознемирувачко кај луѓето, соопштуваат од партијата на Љубчо Георгиевски..

ВМРО-Народна партија е зачудена од целосниот молк во врска со овој светски проблем и бара соодветно постапување и превентивна заштита, во прв ред од Владата, како што тоа го направиле повеќе европски земји, меѓу кои Германија, Австрија, Швајцарија и други. Тоа подразбира обновување и дополнување на стоковите резерви со основни прехранбени артикли, лекови, хигиенски производи, сите видови горива и други неопходни артикли. Да се провери функционалноста на подземните засолништа и доколку се констатираат пропусти, тие да се доведат во ред. Да се информираат граѓаните, како да постапуваат во случај на загрозеност по нивните животи и истовремено да ги зголемуваат своите домашни залихи на храна, вода, лекови и хигиенски производи, заради можност од отежнато снабдување со стоки и услуги.

ВМРО-Народна партија со ова укажува, дека не треба да има чувство на паника, но смета, дека е потребна извесна доза на зголемена внимателност во врска со овие непосакувани состојби во светот, со што ќе се елиминира ризикот да бидеме изненадени и затекнати неподготвени, соопштија од партијата.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот