26 Април, 2024
0.0973

ВОЗАЧИ ПОДГОТВЕТЕ ГИ ЗИМСКИТЕ ГУМИ: Ако го немате ова во возилото ќе платите дебела казна!

Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Од следниот вторник односно од 15-ноември стартува задолжителното носење на зимска опрема во автомобилите.

Оваа обврска ќе трае се до март следната година.

За возачите на автомобили, џипови и лесни камиони е задолжително носење зимски гуми и синџири, а за возачите на автобуси и на тешки камиони и лопата ако на погонските тркала не може да се постават синџири за снег.

Санкционирањето во претстојната зимска сезона ќе биде согласно постојниот правилник за зимска опрема во автомобилите, со кој се пропишува казна од 45 евра во денарска противредност, односно на возачот ќе му се регистрираат 25 негативни бодови.

Под зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг, се подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од четири милиметри, пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири милиметри и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 х 4), подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од шест милиметри, пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од најмалку четири милиметри. Синџири за снег потребно е да поседува секое возило со пневматици со летен профил, и притоа, во случај кога возилото е во постојан погон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да има најмалку на постојано вклучената осовина.

Зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 кг, подразбира зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од шест милиметри, пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири милиметри и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала, автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала, треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и прирачен алат, лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака, „МС“, „М+С“, „М&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, полициски службеник може да му нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема. Исто така, полициски службеник може да нареди на возач да го прекине натамошното движење и тогаш кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно полицискиот службеник може да му нареди на возач задолжително да ја постави на возилото зимската опрема.

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица