ВОЗАЧИ ВНИМАНИЕ: Најавен прекин на сообраќајот-Како се вози по коловозите?
Објавено во: Македонија 26 Септември, 2016
Доколку денеска патот ве носи кон Кичево–Охрид имајте на ум дека таа магистртала ќе биде затворена за сообраќај.
Имено, возачите се апелира да бидат внимателни поради минирање на патот при што сообраќајот на магистралниот пат А-2 кај с.Врбјани ќе биде во прекин 10–15 минути помеѓу 14.00-16.00 часот.Од информациите на АМСМ до возачите стигнаа и информации дека сообраќајот на останатите коловози ширум земјава се одвива по речиси суви патишта.
Посебно внимание да се има на скопската обиколница која е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.