ВРАБОТУВАЊЕ: Кој нуди подобри мерки за младите, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ?
Објавено во: Економија 02 Декември, 2016
Изборната кампања зема залет. Партиите на митинзите ја образложуваат програмата со која ќе се обидат да го добијат гласот на граѓаните, на претстојните избори, закажани за 11 декември.
Мерките за вработување и на овие избори се адут со кој ќе се борат за глас повеќе, а мерки и проекти со кои ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе се обидат да ја намалат невработеноста и да ја зголемат вработеноста нудат и двете партии.
Мерките за вработување на ВМРО ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ дава посебно значење на вработување на младите лица и градењето на можностите за нив во Република Македонија. Како што досега тие беа застапени во активните мерки и програми за вработување, така и во наредниот период ќе се реализираат бројни проекти во насока на нивното активирање на пазарот на труд од средното и високото образование, стекнување на вештини и знаења што ги бараат работодавачите како и отворањето на сопствени бизниси. Вклучувањето на младите на пазарот на трудот е еден од приоритетите на кој бевме целосно посветени измина- тиот период пишува во Програмата на ВМРО-ДПМНЕ .
Во делот на мерките за подобрување на состојбата на пазарот на труд ВМРО ДПМНЕ нуди нов проект насловен како „PART TIME ЗА СТУДЕНТИ СО ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ ПРИДОНЕСИ“ Сметаат дека оваа нова мерка значително ќе го олесни преоѓањето на младите лица на пазарот на трудот.
„Со оваа мерка ќе се овозможи вработување на студенти од државните и приватните универзитети на четири часовно работно време, а при тоа нема да го изгубат статусот на редовен студент. Меркaта предвидува ослобо- дување од плаќање задолжителни социјални придонеси и персонален данок за доход за компаниите кои ќе вработат редовни студенти во период од 1 година. Проектот ќе се реализира во период од две години“, потенцираат во програмата од владеачката партија.
Во делот посветен на мерките за зголемување на вработеноста, ВМРО ДПМНЕ најавува проект за самовработување со кредитирање на млади лица.
„Со програмата за самовработување со кредитирање на млади лица до 29 години што сакаат да се самовработат, ќе им се обезбеди можност за подигање кредит во износ од 7.000 евра со грејс период од 18 месеци и период на враќање од 66 месеци. Оваа можност ќе може да ја искористи носителот на претпријатието, додека пак за секој нов вработен ќе може да добие дополнителни 4.000 евра до максимум 5 вработени т.е. вкупен максимален износ од 23.000 евра со каматна стапка до 1% на годишно ниво“.
Друга слична програма е програмата за кредитирање на правни субјекти за отворање на нови работни места за млади лица.
Како што се посочува во програмата целта е да се стимулираат заинтересираните претпријатија да отворат нови работни места за млади лица до 29 години за што се поддржани со кредит во износ од 4.000 евра по лице или вкупно за вработување до 3 лица во износ од 12.000 евра со грејс период од 1 година и 2 години рок за враќање на кредитот со каматна стапка од 1% на годишно ниво.
Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат и обуки за основни вештини за вработување на 8000 млади лица (компјутерски и странски јазици)
„ За поголема конкурентост на пазарот на трудот, спроведуваме обуки за странски јазици и компјутерски вештини наменети за 8.000 млади лица. Имено, годишно по 1.000 млади невработени лица ќе се обучат со странски јазици и по 1.000 млади невработени лица ќе се стекнат со компјутерски вештини, односно за 4 години, 8.000 млади лица ќе се стекнат со основни вештини потребни при засновање на работен однос“.
Освен овие обуки, во програмата посочуваат и обуки за напредни ИТ-вештини.
„Евидентирните невработени лица кои имаат основни познавања од компјутери ќе можат да учествуваат во на- предни обуки за ИТ-вештини. Во 2017 година се планира да се реализира обука за програми кои се побарувани од страна на компаниите за 1.000 невработени лица. Мерката ќе продолжи да се имплементира и во наредните години за напредни ИТ-вештини кои се актуелни, атрактивни и побарувани на пазарот на труд. Буџет: 160.000.000 денари РОК: 2017-2020 ГОДИНА 142. ПРОЕКТ: ПРАКТИКАНСТВО ЗА 5.200 МЛАДИ Младите невработени лица на возраст до 29 години со средно и високо образование ќе имаат можност за стекну- вање на практично знаење и вештини во приватни претпријатија во времетраење од 3 месеци. Практикантите добиваат 6.200 денари месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување. На крајот на програмата работодавачот ќе има обврска да издаде потвр- да за завршена практична работа. Со оваа програма ќе се опфатат 1.300 млади лица на годишно ниво“, пишува во програмата.
Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат и воспоставување на посебни тимови за работа со млади лица до 29-годишна возраст и мониторниг на реализацијата на активните мерки и услуги за вработување.
„Преку овој проект планирано е да се воспостават два посебни оддели и тимови за работа во Агенцијата за вра- ботување во Република Македонија и тоа: » за работа со млади лица до 29-годишна возраст како специфична целна група со која е потребен посебен однос во работењето прилагоден на нивната возраст; » за мониторинг на реализацијата на активните мерки и услуги за вработување со цел детектирање на ус- пешноста и проблемите при реализацијата со цел нивно навремено отстранување“, пишуваат во својата стратегија од партијата на власт.
Политики за вработување на СДСМ
„Младите во Република Македонија најсилно ги почувствуваа погубните политики на актуелната власт. Според Светска банка, невработеноста кај младите во нашата држава изнесува над 50%, што нè прави неславни рекордери во регионот и во Ев- ропа. Загрижувачки е и фактот што голем процент од невработените млади луѓе во државата се невработени повеќе од една година, што дополнително ги намалува шансите за нивно вработување. Како резултат на сето ова, во изминатите неколку години преку 600.000 првенствено млади луѓе ја напуштиле Македонија, а голе- мо мнозинство од младите се изјаснуваат дека сакаат да заминат од државата. Образованието, пак, не ги подготвува младите луѓе да бидат активни граѓани, ниту им нуди знаења и вештини со кои полесно и побрзо ќе дојдат до подобри работни места. Со своите погрешни политики и стилот на однесување, власта подигна ѕид помеѓу Министерството за образование и наука и студентите и средношколците, одбивајќи да ги слушне нивните идеи и предлози за подобро образование. Потце- нувачкиот однос кон учениците и студентите е видлив на сликите кои го обиколија светот, а ги покажуваат мизерните услови по студентските домови“, стои пак во програмата на СДСМ.
Посочуваат дека младите како највитален дел и една од клучните движечки сили во општеството треба да бидат биде јадрото на политиките за вработување, во образованието, здравството, културата, спортот итн.
Во нивната програма, главниот акцент е ставен токму врз мерките со кои ќе се подобрат студентскиот живот и стандард, а младите ќе дојдат полесно до прво вработување. Мерките се реални и остварливи, а дел од нив се веќе редовна практика во европските и светски развиени земји.
Еве дел од мерките на СДСМ за зголемување на вработеноста
ПРОЕКТ „ГАРАНЦИЈА ЗА МЛАДИ“
„Станува збор за комплексен проект кој веќе се воведува во земјитечленки на Ев- ропската Унија. Проектот „Гаранција за млади“ не е само декларативна заложба. Со него ќе овозможиме секој млад човек да добие понуда за вработување, мож- ност да го продолжи образованието, да добие пракса или тренинг за подготовка за вработување, во период од четири месеци по завршување на школувањето, пред стекнувањето статус на невработен. Иако оваа програма ќе создаде значи- телни буџетски трошоци, сметаме дека нив државата многукратно ќе ги надмине преку избегнување на долгорочните трошоци од невработеноста, неактивноста и изгубената продуктивност. „Гаранцијата за млади“ ќе им обезбеди на младите луѓе реални можности за да го избегнат долгото и болно отсуство од пазарот на труд и да го зачуваат и подобрат нивниот човечки капитал и потенцијал за зара- ботка. Оваа практика започна да се применува во државите-членки на ЕУ, како резултат на кампањата на Партијата на европските социјалисти“, стои во програмата на СДСМ.
Со поддршката за професионална ориентација од СДСМ велат дека ќе ги поддржат младите со финансиски средства проектите кои ја зголемуваат свесноста на младите за недостаток од одредени занимања и квалификации и за нивната важност.
„Во рамки на средното образование ќе воведеме задолжителен предмет за струч- но образование, кој би се изучувал во завршната година. Целта е стручно оспо- собување и стекнување вештини и квалификации, како и развивање на чувството и свесноста за работна етика. Ќе се понуди широк избор на вештини (занимања) за кои стопанството ќе покаже интерес, преку поблиска соработка со стопански- те комори, со еснафските здруженија и по пат на директен контакт на образова- нието со компаниите. Наставата ќе ја изведува компетентен и обучен кадар, мла- дите ќе стекнат и практични искуства, коишто, ќе им овозможат активно учество на пазарот на трудот за време на студирањето, или, пак, како професионална определба и извор на егзистенција во текот на животот. Стручното образование особено ќе биде од корист за младите кои нема да бидат во можност, или нема да имаат желба да продолжат со високо образование“, стои во нивната програма.
Во однос на поддршката за вработување нивната стратегија опфаќа и систем на мерки кои што се презентирани во делот за поддршка за домашните претпријатија, а се однесуваат на Започни сопствен бизнис и Достапност до финансии, како и Активните мерки за вработување од делот за пристојна работа, директно ќе влијаат врз зголемување на можностите за вработување на младите луѓе.
„ОТВОРАЊЕ БИЗНИС-ЦЕНТРИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ“- преку овој проект како што им пишува во програматаќе се врши избор на најдобри бизнис планови на млади лица што ќе добиваат грант од 10.000 евра, како и поддршка во бизнис-центар. Во бизнис-центрите ќе се добива правна, економска, претприемничка, сметководствена поддршка, како и простории со опрема за канцелариско функционирање, со цел да се зголемат можностите за успех и развој на бизнисот на младите.
Факт е дека политиките кои државата ги водеше во изминативе години не влијаеа позитивно на младите имајќи го предвид фактот на големиот одлив на мозоци и барањето на пристојна работа и ценет труд на младите во странство.
Младите го имаат изборот сами да донесат решение во која партија гледаат подобри услови за нив да го продолжат својот живот во татковината.
И.С.