25 Ноември, 2024
0.0271

Вредат ли државните шуми една милијарда евра?

Објавено во: Економија 06 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

ЈП „Македонски шуми“ во 20 години постоење не направи попис на шумите. Нема катастар на шуми. Според нивното книговодство државните шуми вредат на хартија 1 милијарда евра, но независната ревизија се воздржува и не ја потврдува вредноста шумата на „Македонски шуми“ и им забележува дека никаде не се евидентира намалување како резултат на сеча!!! Сега никој жив не може со сигурност да каже колку државни шуми има и колку тие вредат! 

Македонските државни шуми на хартија на крајот на 2016 година вределе 58,29 милијарди денари што е речиси една милијарда евра. Во споредба со податоците од 2015 година вредноста на македонските државни шуми дури и пораснала за 6 милиони денари односно 100.000 евра иако во тој период од крајот на 2015 година до крајот на 2016 година ЈП „Македонски шуми“ исекле и продале 531.566 кубни метри шума од што инкасирале 20,5 милиони евра. Токму за евиденцијата на сечата реагирале и ја запишале независните ревизори кои пост фестум правеле ревизија за работата на ЈП „македонски шуми“ за 2015 и за 2016 година. ЈП „Македонски шуми“ 20 години не напаравило попис на шумите, а нема ниту катастар на шуми. За тоа зошто нема и кога ќе има катастар на шуми побаравме одговор од Агенцијата за катастар и ако го добиеме ќе го објавиме во целост.

Што увиде ревизијата?

Во извештајот ревизијата објаснува дека се воздржува од мислење меѓу другото и заради тоа што кај шумите не се евидентира никакво намалување на вредноста како резултат на сечата. Цитираме„ Во финансиските извештаи на претпријатието не е воспоставена поврзаност меѓу биолошките средства – шумите како извор на граѓа и производство во кое дрвната маса се преработува и финишира во готов производ. Напротив кај шумите не се евидентира никакво намалување како резултат на сеча , а влезот во производство во тек се евидентира по плански цени кои во себе не ја содржат вредноста на дрвната маса од сеча. Поради наведеното вредноста на шумите перманентно се зголемува, а залихите на производство во тек и готови производи се евидентираат по нереално искажани вредности.

Во својот извештај и за двете години ревизорите потенцираат дека претпријатието вредноста на државните шуми ја утврдува врз основа на Правилник за содржина на посебни планови за стопанисување со шуми, посебни планови за одгледување и заштита на шуми и годишни изведбени планови. Меѓутоа овој Правилник во делот на вреднување на шумските насади не е усогласен со Меѓународниот сметководствен стандард 41.18 –Земјоделство (Службен весник 159/2009 година) и Закон за проценување (Службен весник 115/2010 година)

Колку на хартија вредат нашите државни шуми?

Според податоците што можат да се најдат во извештајот на независната ревизија во делот на Биолошки средства – шуми состојбата на крај на 2016 година е следна: иглолисните шуми се со вредност од 9,73 милијарди денари (нешто над 150 милиони евра), листопадните шуми се со вредност од 15,7 милијарди денари (околу 250 милиони евра), мешовитите шуми се со вредност од 18,6 милијарди денари (околу 300 милиони евра), а останатите шуми се со вредност од 13,73 милијарди денари (околу 220 милиони евра). Државните овошни насади под управување на ЈП „Македонски шуми“ вредат 491 милиони денари (околу 8,5 милиони евра).

Што пресекла и колку продала ЈП „Македонски шуми“ во 2016 година?

Најголемата приходна ставка во 2016 година е од продажба на дрва. Од продажба на огревно дрво претпријатието инкасирало 986,8 милиони денари односно околу 16 милиони евра, а останатите 281,3 милиони денари односно околу 4,55 милиони евра се приходи од техничко дрво.Фактите покажуваат дека продуктивноста во 2016 година била следна: исечени и продадени се вкупно 531.566 кубни метри дрва. Од тоа продажбата на огревно дрво изнесува 430.768 кубни метри и тоа е 66 отсто од планираното за 2016 година. Продадени се вкупно 100.798 кубни метри техничко дрво и тоа е 61,7 отсто од планот за таа година. 

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“