18 Декември, 2025
0.0912

Вредеше ли „Денот на дрвото“ 7,5 милиони евра?

Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2018 07:29

Добивај вести на Viber

Останува нејасно зошто ЈП „Македонски шуми“ праќало фактури и побарува 2,6 милиони евра од МЗШВ за трошоци за „Ден на дрвото“ ако МЗШВ навистина немало обврска да плаќа за тоа. Дополнителна конфузија создава и тоа што МЗШВ до 2010 година платило на „Македонски шуми“ речиси 5 милиони евра за „Ден на дрвото“, а од 2010 до 2016 престанало да прифаќа обврска за тоа. Нема доказ дека Владата со Одлука или Заклучок го задолжила „Македонски шуми“ да престане да праќа фактури за „Ден на дрвото“...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во одговорите на нашите прашања за ревизорскиот извештај во ЈП „Македонски шуми“ истакнува дека органот не должи пари на јавното претпријатие за „Ден на дрвото“. И тоа не должи за периодот од 2010 година до 2016 година иако независната ревизија заклучила дека има акумулирани побарувања согласно книговодствената евиденција на ЈП „Македонски шуми“. Подолу се дадени во целост одговорите на МЗШВ по темата што „Фактор“ ја отвори од увидот во извештаите на независната ревизија за „Македонски шуми“. Како и да е катастар на шуми нема, задолжена за тоа била Агенцијата за катастар, а 20 години институциите не превземаат ништо. Како МЗШВ работи и постапува кога не се знале која каде завршува државната шума, а каде започнува приватниот посед...

Прашање: „Македонски шуми“ евидентира и побарува од Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство 160,2 милиони денари на крајот на 2016 година (согласно со ревизорскиот извештај за 2016 година). За колку години е акумиран овој долг направен по основ на акцијата „Ден на дрвото“? “

Одговор: Во однос на евидентираните финансиски средства во износ од 160,2 милиони денари на крајот од 2016 година, согласно ревизорскиот извештај за 2016 година, ве информираме дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не може да се произнесе по ова прашање, бидејќи овие средства претставуваат преземени обврски од страна на ЈП „Македонски шуми“, согласно задолженијата за акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ од Владата на Република Македонија.Инаку, во вашиот напис е наведено дека ЈП „Македонски шуми“ до крајотна 2016 година не добила ниту денар од Министерството, ве известуваме дека тоа не е точно, односно за акциите спроведени во 2008, 2009 и пролетта 2010 година, МЗШВ на ЈПМШ му има исплатено средства во вкупен износ од 297.235.394,00 денари.

Додека за периодот есен 2010 заклучно со 2016 година, МЗШВ нема обврски кон ЈПМШ по однос на  Акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ (истото е наведено и во ревизорскиот извештај), согласно задолженијата  од Владата на РМ, со кои се укажува на ЈПМШ средствата потребни за спроведување на Акцијата да ги обезбедат од сопствени приходи. Уште еднаш напоменуваме, дека и покрај тоа што ЈПМШ фактурирало на МЗШВ за  обезбеден саден материјал за акцијата за 2016 година, нема никаков основ МЗШВ да ги исплати тие фактури. И една исправка во вашиот текст, надлежниот инспекторат, односно Државниот инспекторат за шумарство и ловство, не е орган во состав на Министерството, туку е самостоен орган од 01 јуни 2014 година.

Прашање:„Дали Министерството за земјоделство односно Владата ќе го плати овој долг?“

Одговор: Не, бидејќи како што е наведено во претходниот одговор, ниту Министерството, ниту Владата на РМ немаат обврски кон ЈПМШ.

Прашање: „Ако не е платен до сега кога ќе биде платен?“

Одговор: Како што е наведено погоре, ниту Министерството, ниту Владата на РМ немаат долг кон ЈП „Македонски шуми“ за акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје