18 Декември, 2025
0.1168

За нецели две години:Министерство за земјоделство потрошило 60 илјади евра за ресторани

Објавено во: Економија 07 Декември, 2016 07:46

Добивај вести на Viber

Наташа Стојановска

Министерството за земјоделство во последната година и девет месеци, потрошило 365 ијади евра за угостителски услуги, дневници и сместувања за службени патувања и гориво. Во оваа сума се вклучени трошоците на сите подружници на Министерството за земјоделство како и на секторот за шумска полиција.

Според податоците добиени со Законот за пристап до информации од јавен карактер, само за трошоци за гориво и масла во од јануари минатата година па се до септември годинава потрошени се вкупно 215 илјади евра.

Во истиот период, Министерството за земјоделство и неговите  подружници, имаат трошоци за сместување и дневници во земјата и странство во износ од 90 илјади евра.

Додека пак во последната година и девет месеци, нешто помалку од 3.000 евра месечно се трошело за сметки во ресторани.

Па така, според податоците што од Министерството за земјоделство ни ги доставија, посочено е дека од јануари минатата година па се до септември годинава во рестораните во земјава и странство платени се сметки во износ од нешто помалку од 60 илјади евра.


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии