18 Декември, 2025
0.0700

ЗАДОЛЖЕНОСТ: Македонија кон странство должи 6,1 милијарда евра!

Објавено во: Финансии 01 Јули, 2015 08:32

Добивај вести на Viber

Заклучно со првиот квартал од годинава Бруто Надворешниот долг на Македонија (вкупен долг во кој освен јавниот се вбројува и долгот на фирмите, осигурителни друштва, банки...) изнесува 6,1 милијарда евра, покажуваат новите податоци на Народната Банка.  Во однос на состојбата на крајот од декември, 2014 та година, заклучно со март, долгот е зголемен за 230,8 милиони евра. Со сегашните позиции, Бруто надворешниот долг на Македонија изнесува 68,68% и според овој параметар, земјава е во групата на високо задолжени економии. Ако се анализира стуруктурата на бруто надворешната задолженост, најголем дел од долгот или 2 милијарди евра се на име на државата, следуваат компаниите, осигурителните компании, домаќинствата кои должат 1,9 милијарди евра, зад нив според висината на задолженоста кон странство се банките со долг од 602 милиони евра и на крајот е Народната Банка со долг од 336,7 милиони евра. Ако пак се анализира надворешниот долг според рочноста на кредитите, тогаш најголем дел од долгот или 4,6 милијарди евра се долгорочни задолжувања а 1,5 милијарди евра се краткорочен долг. Според податоците на НБМ, на крајот од првото тромесечје Јавниот долг изнесувал 3 милијарди евра и во однос на крајот од ланската година се зголемил за 178 милиони евра. Според податоците на Министерството за финансии пак, Јавниот долг изнесува 3,9 милијарди евра или на крајот од првиот квартал од годинава тој изнесувал 43,6%, што по ланската година ( кога долгот изнесуваше 46% од БДП), претставува едно од највисоките нивоа на задолженост измерени во последните 11 години.  

Можеби ќе ве интересира

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра