Задутре се садат дрвца - денот неработен
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2016
Оваа среда е неработен ден.
Согласно со Заклучокот од седницата на Владата на Република Македонија одржана на 25 ноември 2016 година, по повод спроведување на акцијата „Ден на дрвото-Засади ја својата иднина”, 30 ноември 2016 година (среда), е неработен ден, освен за вработените во здравствените институции. Ова го соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.
На денот на акцијата градинките ќе работат со вообичаено работно време.
Од МТСП информираат дека датумот за одработување дополнително ќе се утврди.
Сонот за пошумена Македонија преку засадување на иднината се појави во август 2007 година, кога амбасадорот на мирот на УНЕСКО, светски познатиот баритон, маестро Борис Трајанов, поттикнува проект за масовно засадување на голините и опустошените планини.Во 2008 година беа засадени 2560 хектари, 2009 година нови 3.915 хектари, 2010 година 2017 хектари, и во 2011 година на пролетната акција беа засадени 744 хектари. Дополнително преку редовната програма за Проширена репродукција на шумите во периодот од крајот на 2006 до 2010 година беа засадени вкупно 3000 хектари.