14 Март, 2025
0.0360

Заев - Нимиц: Сега е момент за решение кое ќе го почитува националниот идентитет и дигнитет на двата народи

Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2018 15:35

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев денеска го прими Специјалниот претставник на ОН во разговорите за уставното името на нашата земја со Република Грција, Метју Нимиц.

Нимиц ги образложи своите идеи и размислувања за текот на процесот на разговорите.

Заев ги претстави идеите и ставовите на Владата на РМ, како и размислувањата кои произлегоа од координативниот состанок на државно-политичкиот врв на Република Македонија, одржан минатата недела.

На оваа средба беше истакнато дека процесот продолжува и понатаму под покровителство на ОН и на амбасадорот Нимиц, и дека на идните разговори за решавање на ова прашање лидерските места на преговарачките тимови ги преземаат министрите за надворешни работи на двете земји.

На средбата во кабинетот на Претседателот на Владата на Република Македонија беше нагласено дека во оваа фаза од разговорите е создаден позитивен момент, и дека двете земји покажуваат дека се посветени на натамошно градење на довербата.

На разговорот меѓу премиерот Заев и медијаторот Нимиц беа издвоени првите придобивки од средбата на премиерите Заев и Ципрас во Давос, кога од двете страни беше изразена политичка и добра волја за првите практични чекори како што беше најавеното преименување на автопатот, додека од страна премиерот на Република Грција беше најавено одблокирањето на втората фаза од Договорот за стабилизација и асоцијација, и можноста и Република Македонија да стане член на Јадранско-јонската иницијатива.

На средбата е кажано дека сега е време за решавање на ова прашање за кое се водат дискусии веќе 25 години, и дека е неопходен прагматичен пристап и решение за да се постават основи за долгорочни и стабилни билатерални односи.

Премиерот Заев и медијаторот Нимиц се согласија дека и понатаму треба да продолжи атмосферата на добра волја и на дијалог во процесот, на што повикуваат од НАТО и од ЕУ, и дека тоа е начинот да се стигне до компромис и до взаемно прифатливо решение кое ќе го почитува националниот идентитет и дигнитет на двата народи.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството за гонење на организиран криминал го обжали решението за куќен притвор за сопственикот на „Пуцко петрол“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството за гонење на организиран криминал го обжали решението за куќен притвор за сопственикот на „Пуцко петрол“

МИЦКОСКИ: Ќе протестираме и ќе им се случи народ ако корумпираните судии со изгласана недоверба не си дадат оставка

МИЦКОСКИ: Ќе протестираме и ќе им се случи народ ако корумпираните судии со изгласана недоверба не си дадат оставка

МИЦКОСКИ: Не гласам уставни измени под притисок, со лигавење како полжави како што прави опозицијата не се стига далеку

МИЦКОСКИ: Не гласам уставни измени под притисок, со лигавење како полжави како што прави опозицијата не се стига далеку

СТАТИСТИКА ЗА ЈАНУАРИ: Турците се најбројни гости во Македонија

СТАТИСТИКА ЗА ЈАНУАРИ: Турците се најбројни гости во Македонија

ПРИЧИНА КОЈА ЈА НАВЕДЕ ДА НЕ ОДИ ВО ПРИТВОР: Јахоски не поднел барање за старателство врз децата

ПРИЧИНА КОЈА ЈА НАВЕДЕ ДА НЕ ОДИ ВО ПРИТВОР: Јахоски не поднел барање за старателство врз децата

ОЈО РЕАГИРА ЗА ДНЕВНО-ПОЛИТИЧКО ПОЕНТИРАЊЕ: Ги отфрламе сите информации за наводни притисоци за одредени предмети

ОЈО РЕАГИРА ЗА ДНЕВНО-ПОЛИТИЧКО ПОЕНТИРАЊЕ: Ги отфрламе сите информации за наводни притисоци за одредени предмети

АГЕЛЕР: Внимателно ги следиме процедурите во Собранието во врска со изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет

АГЕЛЕР: Внимателно ги следиме процедурите во Собранието во врска со изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет

ПРИЗНА ВИНА И ДОБИ ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР - изречена пресуда за Елвин Куртовиќ за убиството кај „Мавровка“

ПРИЗНА ВИНА И ДОБИ ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР - изречена пресуда за Елвин Куртовиќ за убиството кај „Мавровка“

Уставен суд: Интерпелација не може да се примени за уставните судии, на тој начин се прави упад во уставно-судска власт

Уставен суд: Интерпелација не може да се примени за уставните судии, на тој начин се прави упад во уставно-судска власт