24 Октомври, 2017
0.4822
    ALK 7595.8    0.62%     BESK 11000.07    -0.92%     KMB 2800    -0.01%     MKSD 232    0%     MPT 28032.26    -0.95%     OHB 5367.09    -1.52%     REPL 52500    -0.23%     RZLV 45    0%     RZUS 129    1.57%     SBT 2180    -2.64%     STB 940.91    -0.33%     STBP 680    0%     TEL 274.5    0.92%     TNB 13300    -1.48%     TTK 828    0.12%

Заев го врати Животот, Груевски ќе ја враќа Светлината

Објавено во: Колумни 12 Октомври, 2017

Црни облаци надвиснале над штотуку ослободеното и „живнато“ македонско небо, се е црно, очајно, безнадежно и безначајно, особено ако сте жесток поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ. 

Веднаш по враќањето на Животот кој го вети Заев започна тежок процес на растурање на државата, економијата, спортот, забавата, филмот на Митевска, заговори против кандидати за градоначалници и уште многу други проблеми кои ВМРО-ДПМНЕ ги преживува под раководството на новиот владин режим. 

Кампањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе може да се прогласи за една од најлошите во поновата историја, на секој втор ден се менува стратегија, се вадат нови слогани, се пробуваат нови комуникациски стратегии, се вадат нови спинови кои никако да ја погодат метата. 

Ретко ги земаме однапред здраво за готово анкетите на рејтинг агенциите, но ваквите постапки на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ни даваат простор да веруваме дека се во голема паника дека ќе ги изгубат изборите, па сега се обидуваат во екот на кампања целосно пропагандистички да освојат гласови и тоа од групи за кои сметаат дека се разочарани од новата Влада на Зоран Заев. 

Во главните промотивни спотови речиси воопшто и да не се разговара за локалните проблеми и визијата за развој на општините туку имаме впечаток како ВМРО-ДПМНЕ да се трка на парламентарни избори, а Груевски непреболот од декември сака да го надомести како тој да трка да стане премиер. 

Замислете, Груевски ќе ја враќал Светлината во Македонија. Човекот чија власт придонесе за делумен медиумски мрак, за страв во јавната администрација, за притисоци врз бизнис секторот, за закани кон индивудуалци и групи со критичен однос кон неговата власт, за бројни злоупотреби на власта за кои се водат судски предмети. 

Да, токму Груевски порача да се вратела Светлината во Македонија, па уште пораката ја испратија со нов изборен спот кој повеќе личи на трејлер за новиот дел на Матрикс. Како некои млади хакери влегуваат по хангари, крадат електрична опрема, па се собираат со некои комбиња кои се користат во амерички филмови со киднапирања, па пуштаат црвено-жолта светлина...


Добро, што фајде од овој спот на неколку дена до изборите, зарем толку гласачите се наивни да не проценат дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори нема ниту една централна тема на која се задржи, дека игра на секоја карта, дека се доодворува на сите групи кои до вчера ги презираше, дека нема енергија ниту ентузијазам во кампањата?

Само за да бидеме прецизни, намерата на овој текст не е да ги брани велелепните владини политики и „историските“ успеси на премиерот Зоран Заев, туку да ги критикува погрешните чекори на ВМРО-ДПМНЕ кои со овие евтини предизборни потези ја навредуваат интелигенцијата на гласачот, а добро знаат дека проблемот не е во кампањската или комуникациската стратегија, туку во самиот имиџ кој се влече со Никола Груевски и отпорот на гласачите кон него и потесното партиско раководство, без оглед колку и да сакаат да се лажат дека имаат масовна поддршка во традиционалните гласачки бастиони кога крајните резултати ќе бидат крајно негативни.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

Хрватска ја следи Словенија кон Русија, а Македонија?

Хрватска ја следи Словенија кон Русија, а Македонија?

Политичка (не)коректност

Политичка (не)коректност

МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО НА СВЕТСКИОТ ПАЗАР

МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО НА СВЕТСКИОТ ПАЗАР