Заев: Груевски прочитани сте, вашата претстава заврши
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2016
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вечерва од централниот митинг во Штип порача дека ќе овозможат достоинствен живот за сите граѓани.
„Ве вадиме од темнината и ви го враќаме животот. Никој не ви дал живот за да одзема живот. Државата Македонија мора да обезбеди достоинствен живот за сите граѓани, за своите луѓе. Сакам заедно оттука да им порачаме на глумечката дружина на Никола Груевски, видени сте, прочитани сте, вашата претстава заврши. Сите чекаат 11 декември во Македонија, сите чекаат промени и овој режим да падне“ - изјави Заев.
Љупчо Николовски, носител на листа во ИЕ 3 вети поголеми плати за вработените во здравството, парите да се вратат кај граѓаните, гасификација, решавање на статусот на стечајците, укинување на радиодифузната такса и друго.
„Државата ќе обезбеди пласман, ќе склучи нови договори за секој производ. Ќе бидеме чесна и искрена Влада. Не смееме да дозволиме да се случи она од „бомбите“ никогаш повеќе. Ќе ги скратиме непотребните трошоци. Нема Македонија да се задолжува за споменици, скулптури и реклами. Ќе има правда, ќе го продолжиме мандатот на СЈО. Немаме ниту едно право на грешка“ - вели Николовски.
Весна Спасовска, граѓанка од Штип зборуваше за тоа колку е тешко да се работи во мизерни услови.