03 Јануари, 2025
0.0287

Заев ја заокружува власта, Груевски дочека тежок пораз

Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Владеачката коалиција „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев убедливо триумфираше на вториот круг локални избори, со неочекуван дебакл на опозицискиот блок на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски.

СДСМ според резултатите од двата круга ќе раководи со 56 општини, ВМРО ДПМНЕ во пет, ДУИ-10, Алијансата за Албанците во пет, БЕСА, ДПА, ДПТ освоија по една опптина, и кандидати предложени од група избирачки добија три општини.

Вториот круг на Заев му донесе победа во 19 општини, ДУИ -освои 8, ВМРО ДПМНЕ-2, Алијанса за Албанците доби три општини, ДУП и БЕСА по еден градоначалник а една општина доби независен кандидат во вториот круг локални избори.

Челникот на опозиционата ВМРО ДПМНЕ Никола Грувски (чии кандидати победија во Кавадарци и Зрновци) на прес конференцијата за медиуми рече дека неговата партија не ги признава резултатите од изборите. Ја обвини власта дека организирала, како што рече „мафијашки избори“.

Груевски побара организирање на предвремени парламентарни избори согласно моделот на политички договор во Пржино, како би се споровела техничка влада „идетично како што се организираа вонредните избори на 11 декември во 2016“.

Итна смена на директорот за АВАМУ и именување на директор од опозицијата. ВМРО ДПМНЕ бара и оставка на претседателот на ДИК и враќање на старото законско решавање од редовите на опозицијата.

Заев за одговорност

Зоран Заев пак во обраќањето до јавноста го повика ВМРО ДПМНЕ да го преиспита ставот за непризнавање на изборните резултати.

„Го разбирам чувството на поразениот и апелирам како и досега на одговорност. Во врска со изборите уште сега се знае резултатот.Македонија има многу пред себе што треба да направи и затоа нема никаков коментар, исклучок на тоа-дека нема ништо од она што го прочита на пресот Груевски-рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

ЦУК: Извлечено возилото кое излета во Вардар, извадени телата на три лица

ЦУК: Извлечено возилото кое излета во Вардар, извадени телата на три лица

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Алармантно загадување на воздухот во Македонија, за Струмица се издадени препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Алармантно загадување на воздухот во Македонија, за Струмица се издадени препораки

УБИСТВО ВО ТЕТОВО: Татко го застрела својот син

УБИСТВО ВО ТЕТОВО: Татко го застрела својот син

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Aвтомобил излета во Вардар

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Aвтомобил излета во Вардар

Директорот на АНБ, Бојан Христовски, добил НАТО сертификат?

Директорот на АНБ, Бојан Христовски, добил НАТО сертификат?

(ВИДЕО) КУМАНОВО ЛИ Е, ГАЗА ЛИ Е: Коментар за масовното пукање петарди и огномети

(ВИДЕО) КУМАНОВО ЛИ Е, ГАЗА ЛИ Е: Коментар за масовното пукање петарди и огномети

ПРЕДЛОЖЕНИ СЕ ДЕСЕТИНА МЕРКИ ЗА СТРУМИЦА: Два дена воздухот е екстремно загаден

ПРЕДЛОЖЕНИ СЕ ДЕСЕТИНА МЕРКИ ЗА СТРУМИЦА: Два дена воздухот е екстремно загаден

ИСЕЛУВАЊЕ: По првото полугодие од кумановските средни и основни училишта се отпишале 174 ученици

ИСЕЛУВАЊЕ: По првото полугодие од кумановските средни и основни училишта се отпишале 174 ученици

САРАЕВО, СКОПЈЕ, ПРИШТИНА: Високо на листата меѓу најзагадените градови во светот

САРАЕВО, СКОПЈЕ, ПРИШТИНА: Високо на листата меѓу најзагадените градови во светот