27 Декември, 2024
0.0313

Заев: Падна првиот снег, ќе падне и оваа расипничка власт на фамилијата

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Зоран Заев, кој одржа главен говор на митингот во Делчево, продолжи со жестоките напади против власта на Груевски и погрешните и штетните политики за народот, па затоа убеден е дека на 11 декември ќе бидат означени промените. 

- Груевски си ги пакува куферите, Груевски заминува засекогаш. Денес падна првиот снег, ќе падне и оваа расипничка власт на фамилијата. Ќе одговараат за гревовите што ги направија. Пред вас е блескава иднина што ќе го замени 10 годишното сивило на сиромаштијата. Си го сакаме животот во Македонија и ќе си го вратиме, тоа им го должиме на сите граѓани. Децата ни се по белиот свет, ќе си ги вратиме. Болката на родителите ќе се претвори во радост. Делчево мора да го оправда тоа што го носи името на Гоце Делчев, да го оправда аманетот. Ах да стане Делчев и да види какви неранимајковци го носат светот имае на ВМРО, и да види на какво дереџе ја донесоа Македонија, за тоа ли тој се борел, ќе умре повторно, но овој пат од жал. Денеска знаеме се, вистината е обелоденета до крај, никој не може однадвор да дојде и да ни ја спаси Македонија. Затоа Делчев зборуваше дека делото на ослободувањето на еден народ е пред се негово сопствено дело на неговите сопствени рацете. Во наши раце е пенкалото, да се ослободиме од крпениот живот и да обезбедиме модерен живот како Европа, Хрватска и да обезбедиме живот овде - рече Заев.

Лидерот на СДСМ претстави и дел од визијата за новата влада која ќе се посвети на економијата со праведни мерки за враќање на достоинството на граѓаните и нивната добросостојба.

- Ќе има и правда и правичност, правда за криминалците за да не му падне на памет на некој друг да го направи ова што го направи криминалната банда на Груевски. Оние кои имаат помалку ќе плаќаат помалку. Ќе има живот за сите, на дофат е тој живот, живот на спокојни родители, радосни деца. Овој план се телеми на наука, историја и факти. Во оваа програма го земавме најдобро од светот овој план го плаши нашиот противник, нема веќе крадење на животот. Се збунил Груевски, вели ќе има федерализаицја и кантонизација, не не ќе има конфискација, фамилијата на власт ќе врати се што им одзеде на стотици фамилии. Им се смее цела Македонија почнаа со икони да шетаат по митинзи. Господ ќе им прости, но народот нема да им простои. 
Што се однесува до Уставот, нема да дозволам никој да го смени, ќе се почитува и ќе се спроведува, нема менување на Уставот, не дозволувајте режимот да ве лаже за да обезбеди нови четири години власт. Секоја жртва вредеше пишуваме историја, рушиме режим, носиме живот,  12 декември носи нов почеток - рече Заев.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор