Заев: Владата ја има поддршката и од ВМРО-ДПМНЕ за решавање на спорот со името
Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2017
Владата ја има поддршката и од ВМРО-ДПМНЕ за решавање на спорот со името со Грција – ова го изјави премиерот Зоран Заев во интервју за неделникот „Капитал“.
Иако не прецизираше во кој дел се согласуваат двете партии, Заев вели дека е задоволен од ставовите на опозицијата.
„Од она што јас го знам, во разговорите низ Парламентот со високи претставници на ВМРО–ДПМНЕ можам да кажам дека сум задоволен во поглед на нивното позиционирање за конкретното прашање“ – вели Заев.
Од ВМРО-ДПМНЕ, пак не откриваат дали и колку се приближени ставовите меѓу нив и власта, само посочуваат дека опозицијата и натаму е игнорирана.