Загрижени родители: Нема вага што ќе ја измери „македонштината” ниту омразата, најважна е безбедноста на децата
Објавено во: Македонија 18 Март, 2017 19:51
Нашите деца за два месеци ги чека прослава на матурската вечер. Но наместо да размислуваат за свечено заокружување на завршувањето на средното образование, некој свесно ги втурнува во опасни политички игри кои може лесно да излезат од контрола –вели за Фактор, родител на матурантка од прилепската гимназија “Мирче Ацев”. Штетите кои преку агитацијата врз учениците да излезат на протестите за Заедничка Македонија им се нанесуваат на учениците и на самото училиште смета загрижениот родител, допрва ќе се воочат.

“Местото на учениците е во училишните клупи, а не на улица.Ние се сретнавме со директорот на училиштето. Му кажавме дека лесно учениците може да бидат манипулирани и практично искористени во партиски или политички цели, но прашавме и кој ќе ја понесе одговорноста доколку во целата еуфорија “кој и колку е голем националист и Македонец” некое од децата биде повредено. Јас сум како родител сериозно загрижен. Моето дете очекувам во училиште да биде најбезбедно, бидејќи тоа е нивниот втор дом. Според Законот за основно и средно, образованието е задолжително и ние како родители сме должни да ги пратиме на училиште. Тогаш раководството и професорите се должни да ја осигураат нивната безбедност и да одговараат за неа” – вели М.И од Прилеп.
Група загрижени родители по средбата со директорот на прилепската гимназија доставиле барање во кое повикуваат децата да не бидат вмешани во политичките случувања во градот и државата. Дополнително од првите луѓе во гимназијата побарале најитно да се свика Советот на родители и училишниот одбор на кои ќе се побара гаранција за безбедноста на учениците.
“Се видовме и дискутиравме со директорот на училиштето. Тој уште еднаш ги повтори своите ставови и убедувања. Но она што ние како родители го укажавме е дека нема вага која ја мери македонштината. Децата треба да бидат безбедни, воспитани и едуцирани. Тоа е функцијата на училиштето, не националистичката пропаганда која може да предизвика меѓуетнички тензии. Очекуваме следната недела да има родителски совет во проширен состав на кој ќе се дискутира по барањето и ќе се превземат мерки. Еден од родителите веќе покрена кривична против директорот. Доколку не се направи сериозен исчекор и не се превземат конкретни мерки размислуваме за нова кривична пријава”- додава родителот М.И.
Животот во Прилеп последниве неколку дена како што вели целосно е променет. Се чувствува непријатност во комуникацијата. Чаршијата која е место на еснафот е празна.
“Нема жив човек во дуќаните. Кај луѓето се чувствува страв. Комуникацијата во Прилеп кој е земјоделски град била секогаш одлична. Околу Прилеп гравитираат околу 30 000 муслимани. Јас имам најдобар пријател Албанец. Побратими сме, семејствата ни се почитуваат. На свадба сме биле почесни гости, се свирела македонска музика. Никогаш сме немале проблеми. Сега се наметнува некоја неприродно лоша состојба со омраза меѓу младите. Јас моето дете не го учам така. Сакам да знае дека луѓето може да бидат добри и лоши. Нема друга верска, етничка или било каква поделба. Не смееме да дозволиме децата да ни растат во омраза и гнев”- објаснува загрижениот родител.
Осуда и санкции за политичкиот говор на директорот на гимназијата Кирил Николоски кој ги повикуваше учениците да излезат на протест против албанската платформа побараа Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет, Првата детска амбасада Меѓаши и средношколските организации. Кривична пријава за злоупотреба на децата за политички цели поднесе и СДСМ Прилеп. Од Министерството за образование се уште не одлучиле дали ќе се преземат дисциплински мерки против директорот Николовски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Ја затворил во стан, ја принудувал на секс и барал кокаин со закани дека ќе ја убие: Истрага и притвор за 29 годишник од Неготино
ДАНИЛОВСКИ ПРЕДУПРЕДУВА НА НОВА ВАРИЈАНТА ОД ГРИПОТ А/H3N2: Што значи тоа за нас и како да превенираме?
Студени утра, топли денови: Погледнете ја прогнозата за следните денови
„Сити Аутсорсинг“ со демант за СДСМ: Немаме никаква врска со Ивица Томовски
„МЕЃУНАРОДНИОТ ПРИТИСОК ВРЗ СКОПЈЕ Е МНОГУ СИЛЕН“: Ташев вели дека Македонија има два плана против Бугарите
Најблиските соработници со честитки до Мицкоски: „Вашата визија инспирира и обединува“
Мицкоски: Права на Македонците во Пиринска Македонија, нечепкање на јазикот и идентитетот, па разговори со Бугарија
„Не бараме одмазда“, порачаа ротителите на Маршот на ангелите во Кочани
Мицкоски доби трет претседателски мандат во ВМРО-ДПМНЕ





