ЗАКОН ЗА НИВ НЕ ВАЖЕЛ: МВР „улови“ скоро 2000 диви возачи во Тетово
Објавено во: Македонија 07 Јануари, 2018
1908 лица „диви возачи“ детектираше МВР на територијата на Тетово во текот на 2017 година.
Сите тие без положен испит и валидна возачка управувале со моторни возила, комбиња, камиони и минибуси.
„Уловените возачи“ биле на возраст од 15,16 до 35-40 возила и постојано го повторувале прекршокот информираат од МВР.
Непочитување на законот од МВР забележале и кај речиси 1300 лица . Тие биле почетни возачи и возилата ги управувале без придружник или со поголема моќност.
Санкции за нерегистрирани возила добиле 1518 лица а за овој прекршок глобата изнесува од 100 до 500 евра.
Надлежните најавуваат зачестени контроли на територија на Тетово а ова откритие укажува на фактот дека за одредени подрачја законите воопшто не важеле и оттука се повикува МВР да каже кој ги толерирал сите овие возачи цело време.