ЗАВРШИ РАСПИТОТ НА ЧАВКОВ: Ќе има ли притвор?
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2017
Екс министерот за внатрешни работи и директор на БЈБ, Митко Чавков утрово беше приведен за настаните од 27 април, по што даде исказ пред судија на претходна постапка.
Завршен е распитот и на уште неколку други лица од приведените. По сослушувањето, судијата на претходна постапка има рок од најмногу шест часа да им го врачи решението за одлуката за притвор на осомничените.
Приведените утрово беа донесени во Кривичниот суд.
Од ОЈО соопштија дека издадена е наредба за приведување на 36 лица за кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.