19 Декември, 2025
0.0611

ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА: Од ветар и сонце добивме струја колку од ХЕЦ „Козјак“

Објавено во: Економија 02 Октомври, 2017 09:20

Добивај вести на Viber

Во првите осум месеци на 2017 година, од обновливи извори се добиени 228 гигават- часови (ГВч) електрична енергија, покажуваат податоците од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Ова количество енергија е речиси идентично со вкупното годишно производство на хидроцентралите „Kозјак“ и „Света Петка“ заедно или на она на ХЕЦ „Глобочица“ во текот на минатата година.

Лани се произведени вкупно 358 ГВч струја од обновливи извори, додека во 2015 година добиени се 264 ГВч електрична енергија, што е доказ за се поголемото значењето на зелените извори на енергија. Бројките од РКЕ покажуваат дека производството на електрична енергија, како и бројот на повластените производители на електрична енергија од обновливи извори расте од година во година. Така, во 2014 година во земјава се произведени 81,95 гигават- часови „зелена“ струја, во 2013 година 38,4 гигават- часови, во 2012 година оваа количина изнесува 18,1 гигават- часови, додека пак во 2011 година само 9,6 гигават- часови.

Според евиденцијата на Регулаторната комисија за енергетика, најмногу струја од обновливи извори произведуваат малите хидроцентрали. Вкупната инсталираната моќноста на повластените производители на „зелена“ енергија изнесува 127 мегавати. Од тоа, 67 мегавати отпаѓаат на малите ХЕЦ, а во фаза на изградба се уште четириесетина мали хидроцентрали и се очекува истите да бидат приклучени на електроенергетскиот систем во следните години.

Вкупниот инсталиран капацитет повластените производители на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали изнесува 16,7 мегавати, а инсталираниот капацитет на ветерната електроцентрала во Богданци изнесува 37 мегавати, а преостанатата моќност на централатата од 13,2 мегавати е во фаза на изградба. Капацитетот на три повластени производители на електрична енергија од термоелектроцентрали на биогас изнесува 6 мегавати, а досега не е пуштена во употреба ниту една централа на биомаса.

- Досега, МЕПСО има склучено 178 договори за откуп на електрична енергија од повластени производители и целата произведена електрична енергија од повластените производители, АД МЕПСО како оператор за пазар на електрична енергија има обврска да ја откупи.

Влијанието на трошокот за откуп на електричната енергија од повластените производители врз цената на електричната енергија на потрошувачите постојано се менува заради вклучување на нови повластени производители, а се пресметува во периодот на определување на цената на електричната енергија- велат во Регулаторната комисија.

Струјата произведена од еколошки чисти извори, како ветерот, сонцето, водата и биогасот достигна учество од 19,8 отсто во домашната бруто-потрошувачка на електрична енергија во 2015 година, покажуваат последнитедостапни податоци на Државниот завод за статистика.

Овој удел во ЕУ изнесува 16,7 отсто, а најмногу зелена енергија се троши во Шведска, каде повеќе од половина од потрошената енергија (53,9 отсто) е добиена од обновливи извори, по неа следат Финска (39,3 отсто), Летонија (37,6 отсто), Австрија (33 отсто) и Данска (30,8 отсто). Во долниот дел на табелата, со најмало учество, се Луксембург и Малта (двете земји по 5 отсто), Холандија (5,8 отсто), Белгија (7,9 отсто) и Велика Британија (8,2 отсто).

Од земјите во регионот, во Бугарија процентот на зелена енергија во вкупната потрошувачка изнесува 18,2 отсто, во Црна Гора 43,1 отсто, а во Албанија 34,9 отсто. Хрватите имаат удел од 29 отсто, а Словенците од 22 отсто

Со владиниот Акциски план за обновливи извори на енергијата се предвидува нивниот удел во вкупната енергетска потрошувачка во Македонија до 2020 година да достигне 21 отсто, до 2015 - 25 отсто, а до 2030 година 28 отсто.

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?