ЗЕЛЕНАТА КАРТА НА УДАР НА ТРАМП: Ќе се крати и на бројот на издадени зелени карти
Објавено во: Свет 08 Февруари, 2017 12:13
САД може да го намали за половина прифаќањето на легални мигранти со таканаречената Зелена карта од 1 милион на 500 000. Предлог со измената е поднесен за гласање во Сенатот од двајца сенатори од Републиканската партија - Том Квартето и Дејвид Пардју, пренесува "Гардијан" .
Предлог-законот предвидува намалување на законската имиграција со 40% во првата година и со 50% за период од 10 години.
Целта е да се ограничи влегувањето во земјата на мигранти без посебни вештини и да се намали ефектот кој законската имиграција го игра врз работата на Американците, објаснуваат предлагачите .
Ќе се стави крај на параметри при издавање на зелени карти на возрасни родители, браќа и сестри или деца на американски граѓани. Тие ќе важат само за сопружници и малолетни деца.
Новото законодавство, исто така, ќе ја отстрани разновидноста при лотарија, која во моментов дистрибуира 50.000 визи за жителите на земјите кои не испраќаат значителен број имигранти во САД и ќе го ограничи бројот на бегалците на кои им се нуди постојан престој во земјата, на 50 000 годишно.
Според проценките, претставени од сенаторот Квартето, проектот ќе ја намали вкупната имиграција до 539 958 луѓе годишно за една деценија, речиси половина на вкупниот број запишани во 2015 година луѓе - 1 051 031 на број.
Бројни политичари веднаш реагираа остро против предлогот. Според сенаторот Џејн Шијен, избрана од Демократската партија од Њу Хемпшир, овој закон "испраќа ужасна порака до остатокот на светот и е неспорен убиец на работни места".
Од Белата куќа се уште не го коментираа законот, но сенаторот Квартето изјавил пред новинарите дека разговарал со претседателот Трамп како за концепт и дека претседателот "категорично ја поддржува идејата системот за легална имиграција да се претвори во систем заснован на квалитетот".
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




