Жештините убија педесетина луѓе во оваа земја
Објавено во: Свет 16 Јуни, 2019
За 24 часа во Индија 49 луѓе починаа од екстремните жештини.
Луѓето кои починаа живееле во индиската сојузна држава Бихар на северот на земјата, каде веќе две недели владеат екстремни горештини, информираа денеска локалните власти. Во болниците има уште околу 40 луѓе.
Жртвите претежно се од подрачјето Магад, погодено од суша и температура која со денови е околу 45 Целзиусови степени.
Голем дел од северот на Индија две недели е погоден од екстремно високи температури. Во Раџастан се измерени повеќе од 50 степени.
Во топлотниот бран пред четири години во Индија и во Пакистан починаа повеќе од 3.500 луѓе.