26 Јуни, 2024
0.0284

Живеат во беда: Да помогнеме да се промени тажната судбина на сиромашно семејство од село Сопот

Објавено во: Македонија 23 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Фактор како дел од хуманата новогодишна кампања „12 елки – 12 медиумски приказни“ Ве повикува да донирате новогодишни подароци под елките, кои се наоѓаат на вториот кат во Скопје Сити мол.

Шестчлено семејство живее на работ на социјалната егзистенција во светиниколското село Сопот. 

Социјалната помош едвај стигнува Трајан да ги прехрани двете дечиња, а на свој грб ја носи и сопругата, мајката и сестра си. Излишно е да се каже дека условите се ужасно лоши, а куќарката со две собички тешко дека е доволна за нив.

Таткото е невработен, и работи секаква работа што ќе му се најде за да им овозможи барем скромен живот на најмилите и сопругата која е од Албанија. Дополнителна грижа на Трајан му претставува мајката која е со оштетен вид и сестрата која има ментално нарушување.

Никој не заслужува да преживува наместо да живее или да се измачува во тешки околности. Реалноста за жал е таква и околу нас има многу семејства на кои очајно им е потребна помош.


Секој новогодишен подарок за ова социјално загрозено семејство и за двете момчиња е добредојден, од топла облека, обувки, хигиена, храна до се што е потребно за една празна куќа.

Затоа ве повикуваме да бидете хумани. Заедно можеме да им ги разубавиме празниците и барем малку да ги развеселиме.

Подароците кои ќе бидат собрани за семејството на крајот од кампањата по 4 јануари ќе бидат однесени во нивниот скромен дом.

Ние ги дониравме првите подароци под елките и со тоа апелираме до граѓаните да ја разбудат во себе емпатијата во празниците кои престојат и заедно да го усреќиме ова семејство.

Можеби ќе ве интересира

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

И ПО 10 ГОДИНИ ПРОЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ: ревизорите со низа забелешки за овој проект

И ПО 10 ГОДИНИ ПРОЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ: ревизорите со низа забелешки за овој проект

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија