19 Декември, 2025
0.0871

Зоран Фидановски - новинар: Груевски оди по тенка жица

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2016 08:43

Добивај вести на Viber

Обраќањето на поранешниот премиер Никола Груевски, беше повод да земеме ставови од повеќе македонски аналитичари.

 „Нема да дозволиме функционирање на институции кои го немаат легитимитетот на граѓаните. Државата мора суверено да ги носи одлуките. Некои амбасадори почнаа премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата, тоа мора да запре“, рече вчера Груевски, со што тој им упати порака на амбасадорите кои вчера беа на средби со него.


Зоран Фидановски - новинар:

Опасен во секој случај. Настап со кој се потпалува атмосферата која и онака е доволно политички тензична по изборниот резултат, кој покажува, многу тесна разлика. Вакви зборови сигурно не придонесуваат  таа да се релаксира, напротив, се оди во насока на радикализација. Во исто време, силни критики без пардон кон меѓународните претставници (читај: американскиот амбасадор пред се, а потоа и сите останати) за, како што вели Груевски, флагрантно мешање во процесите во Македонија, обвинувањата за изборен инженеринг од ДИК заканите дека институциите немаат право “да ја украдат победата на ВМРО-ДПМНЕ“. Оние институции кои, чувме во “бомбите“, може слободно да се рече, дека ги има в џеб (сетете се колку пати се прегласуваше за локалните избори во Центар во 2013). Одот по тенката жица е обид за подобрување на преговарачката позиција за идна влада, која за него би била како седумка на лото. Наспроти предупредувањето дека “нема да му се дозволи на Заев да формира влада“. Иако, решението во политичката математика е многу поедноставн од обичното математичко. Во нашиот случај, тоа е прост збир на барем 61 глас во Парламентот. Кој го има кај себе - тој ја формира владата.

Ова погледнато на прва. 

Погледнато на втора, настапот на импровизираната бина пред зградата на НИП-от, со микрофон во рака – некои сметаат дека е всушност, првиот опозиционерски настап на Груевски. Во кој, со воинствена реторика со која – целата вина  за кризата и се она што се случува во претходните две години до денеска (без притоа да се гледа генезата на истата – прецизно опишана во политичките “бомби“) ја префрли на странски служби и домашни квинслинзи. Повикувајќи ги, во исто време,  своите приврзаници да го бранат од напливот на промените до последно. Кажано поинаку, ова може да се гледа и како неможност да се помири со фактот дека процесите во државата (особено оние што ги води СЈО) нема да зависат само од него и кругот на најблиските. Затоа се и заканите за непризнавање на изборите, крај на Пржино и “десоросизација“ на државата (овие последните како редовни предавници и виновници за се што отскокнува од создадената идилична слика за преродбеничка Македонија).

Тој, можеби се обидува да оди чекор понатаму - никој да не формира влада по што нови експресни предвремени избори по се изгледа  би биле неминовност. А, со оваа реторика само се обидува да лови нови гласови.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината