19 Мај, 2024
0.0275

Зошто цената на акцијата на „Топлификација“ порасна за 64 отсто за два и пол месеци?

Објавено во: Економија 19 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Компанијата за првите шест месеци има „ќумур“ резултати. Добивката паднала за 85 отсто, приходите од продажба се пониски за речиси 40 отсто, а долгорочниот долг од 13,8 милиони евра виси како камен околувратник. Зошто тогаш вредноста на акцијата за два и пол месеци порасна за 64отсто? Мириса ли на превземање или смена на вечниот Хаџимишев?

„Топлификација“ во првите шест месеци годинава изгубила 39 отсто од приходите и тие изнесуваат 50 милиони денари, а во споредба со лани се пониски за 32,5 милиони денари. Добивката на половина од годинава изнесува одвај 20.000 евра и таа е за 85 отсто пониска од лани. Оваа компанија, која порано беше јавен сервис за топлинска енергија во главниот глад, а сега е само закуподавач на топланите на БЕГ, во првата половина од годинава има обврски од 20 милиони евра, а најтежок камен околувратник е долгорочниот кредитен долг од 13,8 милиони евра. Зошто во вакви услови во послениов период растеше цената на акцијата на „Топлификација“? 

Нема рационален одговор кој би бил резултат на финансиските податоци. Компанијата има огромни обврски кои надминуваат 20 милиони евра. Таа заглави многу пари во когенеративната топлана ТЕ-ТО и за тоа има голема кредитна изложеност кон домашна банка. Целиот имот на „Топлификација“ е под залог. Таа нема бизнис затоа што остана само закуподавач на опрема и средства на друга фирма која го работи бизнисот.

 И инвестицијата во ТЕ-ТО се покажа како големо промашување, барем од оваа сегашна временска дистанца. Затоа што ТЕ-ТО не може да го најде своето место под сонцето. Можеби искра надеж дава корекцијата на преносната тарифа што ја одобри Регулаторната комисија за енергетика за големи количества за пренос на природен гас. Тоа веднаш упатува на ТЕ-ТО и тоа што ќе му ја олесни работата зашто ќе му ги намали давачките. Сепак ТЕ-ТО има многу долгови, а за тоа веќе пишувавме. 

Да потенцираме за да не се заборави: „Топлификација“ има побарувања 1,34 милијарди денари (околу 22 милиони евра) и тоа има врска со нејзиното вложување во ТЕ-ТО. Можна ли е наплата на тие пари? Или поточно можна ли е наплата ако се промени актуелното раководство и соодносот на силите во акционерската структура? Дали некој актуелен или иден акционер во ТЕ-ТО би го исплатил долгот кон „Топлификација“? Тогаш ќе настане молскавична промена во вредноста на акцијата на „Топлификација“!

Што покажуваат билансите?

Билансите на „Топлификација“ покажуваат дека компанијата за половина година дала речиси половина милион евра за камати! Тоа е повеќе од 60 отсто од нејзините приходи од продажба за истиот период. Рака на срце износот платен за камати е за 37 отсто помал од првата половина во 2015 година, но сепак тоа се многу пари и веројатно се работи за банкарски репрограм на долг, зашто се видело дека нема што да се загуби...

Зошто тогаш драстично порасна вредноста на акцијата на „Топлификација“? Дали е само шпекулација на итри трејдери? Или има некоја информација. Зошто се случи токму во јули, на сред лето кога удира летаргијата на нашата берза. На 29 јуни се тргувани акции на „Топлификација“ по просечна цена од 525 денари, а на 14 септември цената надминува 860 денари за акција. Во овој период се истргувани над 3.600 акции со право на глас, но тоа е помалку од 1 отсто од сите акции. Во овој период имаше спорно акционерско собрание во „Топлификација“ заради што акцијата беше симната од берзанска котација и ставена на тргување на слободниот пазар. 

Моментално во „Топлификација“ најголем поединечен акционер е оф-шор компанија „Битар Холдинг“ што поседува над 16 отсто од акциите. Но клучни за одлучување се многубројните раскарани, закрвени домашни акционери – физички лица. Тие не си ја знаат силата, а поседуваат околу 76 отсто од акциите, а ги има околу 2.500 лица. Кој да ги обедини? 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?