Зошто македонскиот буџет е хронично во црвено?
Објавено во: Економија 12 Декември, 2017 07:27
Дали е поразително тоа што осум месеци расходите на буџетот се поголеми од приходите? Само еден месец приходите од даноци, акцизи и придонеси се повисоки од расходите, а еден месец колку се собрани толку се и потрошени.

Приходите во централниот буџет биле повисоки од расходите само во еден од десет месеци годинава, покажуваат официјалните податоци на Министерството за финансии објавени на нивната интернет страница. Во периодот јануари – октомври единствено во март централниот буџетне бил во црвено и тогаш приходите биле за една милијарда денари поголеми од расходите, покажуваат официјалните податоци.
Вкупниот дефицит (разликата меѓу расходите и приходите) е 11,3 милијарди денари односно 168,5 милиони евра. За десет месеци приходите на државата од даноци, акцизи, придонеси, капитални приходи, неданочни приходи, донации изнесуваат 146,4 милијарди денари и нивото на реализација е 79,2 отсто. Вкупните расходи се 157,7 милијарди денари односно реализацијата е 77,6 отсто што е пониско ниво на реализација во однос на приходната страна на буџетот. Но како и да е тоа нема никакво или има само минорно и незабележливо влијание врз балансот на приходи и трошења.
Народски кажано, за нашиот буџет годинава да биде балансиран, треба за трошиме 12 месеци, а да плаќаме даноци 13 месеци.
Од расположливите податоци се гледа дека најмогу приходи во буџетот се собрале во март годинава и тие изнесуваат 16,8 милијарди денари. На второ место на листата се наоѓаат октомври и мај со по 15,4 милијарди денари. Наспроти нив на расходната страна најмногу одливи имало во мај и тие изнесуваат 17,1 милијарди денари, втор е март со 16,7 милијарди денари, а трет е јуни со 16,2 милијарди денари.
Во структурата на приходите апсолутно доминираат даноците (ДДВ, персоналец и добивка), придонесите и акцизата. Во структурата на расходите најголема ставка се социјалните трансфери кои се околу 60 отсто од сите расходи.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




