19 Јануари, 2025
0.0372

Зошто најбогатиот Македонец Јордан Камчев не е успешен само во медиумскиот бизнис?

Објавено во: Економија 08 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Силни потреси во медиумскиот простор се случуваат непосредно пред почетокот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори на 11 декември. Прв на удар е весникот „Утрински весник“, чија судбина е неизвесна, но прогнозите се лоши. Според информациите кои се проширија во новинарските кулоари, раководството на МПМ, под чија закрила е весникот им поставило ултиматум на вработените – или десет луѓе да си заминат од компанијата или весникот целосно да згасне. Изворите од редакцијата велат дека менаџментот на вработените им оставил 24 часа за одговор.

„Утре купете Утрински. Бројот можеби некогаш ќе има колекционерска вредност“, напиша на фејсбук една новинарка од весникот. А, потоа следеа лавина статуси за поддршка „И јас сум Утрински“ од сегашни и поранешни новинари во весникот.

Сите јавно коментираат дека денеска можеби и последен пат ќе бидат дел од весникот кој почна да излегува летото во 1999 година. Засега менаџментот на компанијата се воздржува од коментари. Најверојатно, велат изворите на Фактор, го чекаат одговорот од вработените. Во „Утрински весник“ моментална има вкупно 36 вработени сосе новинарите и техничкиот кадар.

„Ако редакцијата реши да ја прифати првата понудена опција – да се избркаат десет луѓе, тогаш тоа не е решение. Тоа само ќе ја продолжи агонијата и ќе биде доведено во прашање функционирањето на весникот. Како може да се прави дневен весник со толку малку новинари?“, вели извор за Фактор од „Утрински весник“.

Вработените се сомневаат дека намерно им е понудена првата опција, за која велат дека е непристоен предлог, со цел да кренат раце и сами да се откажат од „Утрински“. Дури информациите кои се проширија низ редакциите на МПМ одат дотаму дека ова е прв чекор кон стечај не само на „Утрински весник“, туку и останатите весници на компанијата – „Вест“ и „Дневник“.

 За новиот бран најавени отпуштања денеска заедничка прес конференција ќе одржат  Здружението на новинарите и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

Бизнисот цвета, само весниците венеат

МПМ ги издава трите дневни весници „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“, како и други спортски и забавни магазини и весници. Компанијата МПМ е поседувана од „Графички центар ДОО“, која пак ја поседуваат три фирми – „Мирекс Плус“, „Орка Холдинг“ и „Интернет инвестмент гроуп“. Зад трите фирми сопственици на Графички центар ДОО, стојат бизнисмените Орце Камчев, Јана Станисављева и поранешниот министер за надворешни работи и амбасадор во Германија, Срѓан Керим.

Кога претходниот сопственик на МПМ, германскиот концерн ВАЦ, ја продаде компанијата, новата сопственичка структура смени безброј уредници и новинари, со што весниците кои имаа силно влијание и доверба меѓу граѓаните се обезличија и го загубија интегритетот кој што го градеа со години.

Каква ќе биде иднината на весниците засега се е во сферата на шпекулации. Очекувањата се песимистички, оти колата одамна тргна кон провалија. Новинарите сепак се надеваат дека можеби постои шанса некој да ги купи, еден по еден како посебно правно лице или сите во пакет.

Јордан Камчев, според магазинот Форбс во моментот е најбогатиот човек во Македонија. Тој преку Орка Холдинг поседува хотели, градежни компании, млекарници, мелници, земјоделски комбинати, текстилни фабрики, ресторани, болници. Некои од овие компании добиваат тендери вредни десетици и десетици милиони евра. А во многу од овие компании тој често настапува заедно со мистериозна офшор компанија од Лугано, Швајцарија.

„Токму затоа зачудува фактот што нашиот газда е успешен во секоја сфера каде што развил свој бизнис, што се вели од рѓосано железо прави злато, но само медиумскиот бизнис му пропаѓа. Каква е економската логика, дали навистина зад пропаѓањето на весниците стојат лоши финансиски резултати или намерно се туркаат во амбис, можеме само да нагаѓаме“, вели за Фактор новинар вработен во еден од дневните весници.

Изминатиот викенд весниците на МПМ излегоа во скусен тираж. Се продаваа само на најпрометните места, затоа што се збори дека компанијата веќе кубури и со хартија за печатење. Следните денови ќе биде познато каква одлука ќе донесат сопствениците и дали „Утрински весник“ ќе продолжи да се печати или ќе замине во историјата. 

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

ЛЕКАРИТЕ ОБЈАВИЈА: Познато е од што почина директорот на градежниот концерн

ЛЕКАРИТЕ ОБЈАВИЈА: Познато е од што почина директорот на градежниот концерн

ПРИВЛЕКУВА СЀ ПОВЕЌЕ АМЕРИКАНЦИ - еве зошто апликацијата RedNote стана нов голем хит

ПРИВЛЕКУВА СЀ ПОВЕЌЕ АМЕРИКАНЦИ - еве зошто апликацијата RedNote стана нов голем хит

ПОЧИНА ДИРЕКТОРОТ НА ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ГРАДЕЖНИ КОМПАНИИ: Австриската компанија во шок

ПОЧИНА ДИРЕКТОРОТ НА ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ГРАДЕЖНИ КОМПАНИИ: Австриската компанија во шок

ДАЛИ „МИМ“ ЌЕ ГО БРАНУВА КРИПТО ПАЗАРОТ? Трамп ја објави неговата криптовалута

ДАЛИ „МИМ“ ЌЕ ГО БРАНУВА КРИПТО ПАЗАРОТ? Трамп ја објави неговата криптовалута

ПРОДОЛЖУВА ТИВКАТА ВОЈНА: Фицо и се заканува на Украина - тоа е штета за цела Европа, ќе преземеме мерки

ПРОДОЛЖУВА ТИВКАТА ВОЈНА: Фицо и се заканува на Украина - тоа е штета за цела Европа, ќе преземеме мерки

ДИЗЕЛИТЕ НЕ ПАЃААТ ОД ПОПУЛАРНОСТ: Дури и Германците се на неславната листа, а каде најмалку возат?

ДИЗЕЛИТЕ НЕ ПАЃААТ ОД ПОПУЛАРНОСТ: Дури и Германците се на неславната листа, а каде најмалку возат?

И ПОКРАЈ ПРЕКИНОТ НА ТРАНЗИТОТ НИЗ УКРАИНА: Европа продолжува жедно да голта руски гас

И ПОКРАЈ ПРЕКИНОТ НА ТРАНЗИТОТ НИЗ УКРАИНА: Европа продолжува жедно да голта руски гас

НА СВЕТОТ НЕ МУ СЕ ПИШУВА ДОБРО: На повидок е загуба од 50 отсто од глобалниот БДП

НА СВЕТОТ НЕ МУ СЕ ПИШУВА ДОБРО: На повидок е загуба од 50 отсто од глобалниот БДП

И КОНЕЧНО ОБЈАВЕН Е СПИСОК, ЕВЕ ГИ ДЕСЕТТЕ РАБОТНИ МЕСТА ВО ПОДЕМ: Од физиотерапевт до специјалист за вештачка интелигенција

И КОНЕЧНО ОБЈАВЕН Е СПИСОК, ЕВЕ ГИ ДЕСЕТТЕ РАБОТНИ МЕСТА ВО ПОДЕМ: Од физиотерапевт до специјалист за вештачка интелигенција