05 Декември, 2025
0.1208

Зошто платата на Хари Костов е „државна тајна“?

Објавено во: Економија 13 Јуни, 2017 07:24

Добивај вести на Viber

Според член 384 став 7 од Законот за трговски друштва се објавуваат примањата на секој извршен член на одбор на директори и на член на управниот одбор. Во годишниот извештај на „Комерцијална банка“ е објавен збирен податок за исплатени средства на членови на Управен одбор и на менаџерски тим и од тоа не може да се заклучи колку земаат членовите на управниот одбор. „Комерцијална банка“ ги објави бруто платите на сите членови на Надзорниот одбор поединечно, но не и платите на Управниот одбор. Дали се тоа двојни стандарди? Праксата на „Комерцијална“ силно асоцира на анегдотата дека сите заедно јадат сарма без да се каже кој повеќе јаде лист од зелка, кому му се паѓа оризот и кој го јаде месото. Зошто „Комерцијална“ не го следи примерот на НЛБ Банка Скопје која транспарентно согласно со ЗТД ги објави платитите на членовите на Управниот одбор?

„Комерцијалнабанка“ во годишниот извештај за 2016 година објави податок дека за членовите на Управниот одбор и на менаџерскиот тим се исплатени околу 2 милиони евра за бруто плати и за други примања. При тоа извештајот јасно не разграничува што се плати на членовите на Управниот одбор и колку пари се наменети за управувачкиот слој што се нарекува менаџерски тим, кој не одлучува туку ги спроведува одлуките на Управниот одбор. Цитираме што пишува во извештајот на „Комерцијална банка“: „Во извештајната година на Управниот одбор и менаџерскиот тим на Банката беа исплатени вкупно: 119.914,9 илјади денари за бруто-плати; 9.991,2 илјади денари вкупен износ на други примања (регрес, новогодишен надоместок, поврат на менаџерско осигурување и отпремнина)“

Дали е ова во согласност со член 384 став 7 од ЗТД? 

Без да коментираме, во интерес на целосно и објективно информирање го цитираме делот од став 7 од член 384 од ЗТД што ја уредува содржината на Годишниот извештај: Во годишниот извештај на друштвото се објавуваат и примањата на секој извршен член на одборот на директори и на член на управниот одбор (плата, надоместоци на плата, бонус, осигурувања и други  права), односно надоместокот на неизвршните членови на одборот на директори и на  членовите на надзорниот одбор.

Во интерес на исполнување на својата мисија за целосно и објективно информирање на јавноста и на повеќе од 5.000 акционери во „Комерцијална банка“ „Фактор.мк“ во два наврати минатата седмица по електронска пошта се обрати на службените адреси на „Комерцијална банка“ (кои можат да се најдат на интернет страницата на Македонската берза) и побара да се достават податоци за бруто платите на членовите на Управниот одбор. Ова се интегралните содржини и двете барања:
Второто барање:

„Почитувани, во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста,Ве молиме да дадете одговор

-зошто во Годишниот извештај за 2016 година не се објавени платите на членовите на УО иако тоа е прецизно дефинирано во членот 384 став 7 од Законот за трговски друштва?

Во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста Ве молиме да дадете податоци за годишните бруто плати на членовите на Управниот одбор на Комерцијална банка.

Со почит,

редакција „Фактор“

Првото барање:Почитувани, во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста Ве молиме да ни одговорите на следново прашање:

-Колкав е износот на средства за бруто плати и други надоместоци кои се исплатени на Управниот одбор на банката во 2016 година?

Прашањето го поставуваме затоа што во Годишниот извештај на страна 31 е дадена сума која е агрегат во кој се содржани исплати на УО и на менаџерски тим и притоа не може јасно да се направи дистинкција затоа што не е јасно колку вкупно членови има менаџерскиот тим.

Воедно, напоменуваме дека во Годишниот извештај на Стопанска банка Скопје се наведени примањата за членовите на Управниот одбор на банката што значи дека истото може да го очекуваме и Комерцијална банка особено со оглед на вашето досегашното искуство и примена на начелата на транспарентост.

Со почит,

редакција „Фактор.мк“

За жал „Фактор.мк“ не доби одговори на своите прашања. А доколку ги добиеме во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста ќе ги објавиме одговорите на „Комерцијална банка“.

Чии плати не се објавуваат:

Ова се членовите на Управниот одбор на „Комерцијална банка“ со нивните функции (превземени од интернет страницата на „Комерцијална банка“:Хари Костов – Претседател и Главен извршен директорИлија Илоски – Главен оперативен директорМаја Стевкова Штериева - Главен финансов директор

Берзата ја прогласи „Комерцијална банка“ за втора најтранспарентна компанија

Македонската берза за хартии од вредност годинава на „Комерцијална банка“ и додели втора награда за најтранспарентно котирано друштво. Во методологијата за доделување на награди предвидено е и реализирано оценување на транспарентноста од повеќе целни групи. „Комерцијална банка’ во повеќе наврати годиниве наназад ја добива оваа награда од берзата. „Комерцијална банка“ е еден од најредовните објавувачи на ценовно –чувствителни информации кои се однесуваат на инвесторите на Македонската берза.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?