18 Април, 2024
0.4574

Зошто „Технометал“ продава 10,4 отсто од „Макошпед“ за 209.000 евра?

Објавено во: Економија 07 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Последниве неколку месеци сведоци сме на прегрупирање преку трансакции со пакети акции во неколку компании кои се на берзанска котација, а кои важат за дел од компаниите од влашкото лоби. Засега не може да се изведе логичен заклучок што се случува. Дали трансакциите во последниве неколу месеци можеби укажуваат на промени во интерните релации меѓу бизнисмените  Кочо Моцан и Штерјо Наков? Останува да покаже развојот на настаните...

Денеска на јавна берзанска аукција се нудат на продажба 82.106 акции со право на глас во „Макошпед“ со почетна цена од 157 денари за акција. Аукцијата е на барање на дирекцијата за тргување со хартии од вредност на „Комерцијална банка“ и при тоа нивен клиент нуди на продажба 10,41 отсто од акциите со право на глас во „Макошпед“. Акциите се продаваат во пакет што значи „се или ништо“. Доколку има заинтересиран купувач тој може да стане сопственик на 10,4 отсто од акциите во „Макошпед“ за 209.000 евра, доколку нема конкуретска трка за овие акции. Многу е важно тоа што количеството акции дури во промил се совпаѓа со стекот на акции во „Макошпед“ кои сега ги поседува „Технометал Вардар“. 
Во интерес на целосно и објективно информирање на јавнота „Фактор“ достави прашања до „Технометал“ и праша дали таа компанија е понудувач на акциите и ако е така од кои причини ги нуди на продажба акциите. Доколку добиеме одговори во целост ќе ги објавиме.

Што се случува во „влашкото бизнис лоби“?

Последниве неколку месеци имаше трансакции со акции кои го свртеа вниманието на домашната инвеститорска јавност. Имено се работи за трансакции со акции во во кои сопственици на акции биле или станале компании како „Фершпед“, „Фершпед брокер“, „Уготур“, „Технометал Вардар“ и „Макошпед“. Во сите овие фирми. 

Првиот настан се случи кон крајот на декември 2015 година кога „Макошпед“ издвои 935.000 евра со кои купи 2,5 отсто од акциите со право на глас во „Фершпед“. Цената за секоја од акциите од тој пакет беше 128.000 денари. „Макошпед“ во таа трансакција вложи 7 отсто од средствата на друштвото. 

Вториот настан се случи во мај лани кога „Фершпед брокер“ купи над 197.000 акции во поранешната железарска прехрана „Уготур“ и за нив плати 101 денар по акција. Продавач на акциите беше фирмата – мајка „Фершпед“ и за нив на „Фершпед брокер“ му наплати 14 пати поскапо од последната претходна трансакција со таа акција на берзата. Односно „Фершпед“ ги продаде акциите по цена од 101 денар, а пред тоа се тргуваа по 7 денари за акција. „Фершпед брокер“ тогаш плати речиси 345.000 евра евра за тие акции. Тогаш купи над 24 отсто од акциите на „Уготур“, а парите ги обезбеди од продажбата на неговите акции во берзата и во ЦДХВ.

Третиот настан е кога „Технометал Вардар“ ги продаде своите акции во „Уготур“ од акционерската структура на „Уготур“ и тоа во јануари годинава на домашно физичко лице Наташа Милева по цена од 7 денари за акција. Тоа се околу 20 отсто од акциите со право на глас во „Уготур“. „Технометал Вардар“ наплати неполни 20.000 евра. Неофицијално Наташа Милева е вработена во „Фершпед“. „Фактор“ достави прашање до Драган Наков, најголемиот поединечен акционер во „Фершед“ и члена на Управниот одбор дали Милева работи во таа компанија? Одговор не добивме.

Четвртиот настан се случи во февруари годинава  кога скопскиот адвокат Јован Јоанидис, претседател на надзорниот одбор во „Технометал“ ги продаде своите 24 отсто од „Технометал Вардар„ на „Уготур“ за 83.000 евра. „Фактор“ праша но Јоанидис одби да објасни зошто за тие пари продаде акции во фирмата што поседува 8.500 квадратни метри деловен простор во строгиот центар на Скопје.

Петиот настан е на крајот на февруари кога Наташа Милева стана најголем акционер во „Уготур“ и тоа на начин што од „Фершпед брокер“ купи 38.817 акции со право на глас по цена од 7 денари со што „Фершед брокер“ направи загуба од речиси 60.000 евра затоа што тие акции претходно ги палти по цена од 101 денар.

Шестиот настан е претстојната јавна понуда на акции во „Макошпед“ каде иако не е потврдено повеќе од сигурно е дека понудувач е „Технометал Вардар“. Освен „Технометал Вардар“ акционери во „Макошпед“ се „Ултимус“ со 23,9 отсто од акциите и „Мепком“ со 19 отсто од правата на глас. Заедничко им е тоа што  и двете фирми се акционери во „Технометал Вардар“ каде од пред неполн месец е акционер и „Уготур“.

Што е „Макошпед“

„Макошпед“ е шпедитерска компанија која има сродна дејност со „Фершпед“ и работи царинско застапување, секаков вид на транспорт, осигурување на стока при транспорт, увоз-извоз, маркетинг и складирање. За 2016 година „Макошпед“ има добивка од 11,4 милиони денари што е за над 100.000 евра подобар резултат во споредба со 2015 година. Лани компанијата имала приход од редовни активности во износ од 70,14 милиони денари. Книговодствената вредност на акцијата што се нуди со почетна цена од 157 денари е 1.001 денар! Компанијата во последниве три години не делела дивиденда. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“