19 Декември, 2025
0.0405

Зошто Владата на Словенија ја запре приватизацијата на НЛБ банка?

Објавено во: Економија 09 Јуни, 2017 08:45

Добивај вести на Viber

Словенечката влада го разгледа прашањето за приватизација на Нова Љубљанска банка (NLB), со оцена дека цената која во овој момент би може да се постигне од потенцијалните инвеститори не е задоволувачка.

Тоа практично значи дека се запира постапката за продажба на три четвртини од државниот дел во најголемата банка во Словенија.

„Владата на денешната седница донесе заклучок дека не е согласна со минималната цена на акции на НЛБ во висина од 55 евра и распон на цената од 55 до 71 евро за акција“, наведено е во соопштението пренесуваат агенциите.

Освен цената според толкувањето на словенечката влада, потенцијална препрека за приватизација претставува нерешеното прашање на таканаречено пренесените стари девизни заштеди на НЛБ во Хрватска, поради што против НЛБ пред хрватските судови течат тужби кои ги поднеле Загребачка банка и Економската банка на Загреб.

Тие по овластување на хрватската влада ја тужат Љубљанска банка за поврат на средства кои на хрватските штедачи на НЛБ им ги исплатиле хрватските банки бидејќи се до пресудата на Европскиот суд за човекови права прашањето на стари заштеди не го сметале за билатерален проблем и долг, говорејќи дека тоа е работа на сукцесивни преговори.

Контроверзна тема

Словенечките медиуми најавуваат дека словенечката влада во преговорите со ЕК сега ќе се обиде да ги продолже роковите за приватизација на НЛБ и условите за нејзината продажба. За продажбата на домашните банки во Словенија постојат многу негативни мислења во политиката и меѓу некои водечки банкари, а приватизацијата на државен имот и инаку е контроверзна тема, секогаш во фокус на политиката и полемиката.

Според договорот кој со Европската комисија неодамна го постигнала словенечката министерка за финансии Матеја Врнчар Ерман, 50 посто од акциите на НЛБ би требало да се продадат до крајот на оваа година, а до крајот на следната уште 25 посто, што значи дека во државна сопственост би останле само 25 посто акции.

Министерката по одлуката на владата дека постапката ќе ги запре новинарите рекла дека за таа одлука најпрво треба да се извести Европската комисија, а потоа со неа да се обидат да ги проучат можните „алтернативни мерки“.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии