20 Мај, 2024
0.0288

1 МАЈ: Храбрите на скара, работниците по дома !

Објавено во: Економија 01 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Работничките права се намалуваат, синдикалните лидери во удобни фотељи. Македонскиот работник, според стандардот и платите застанува во однос на работниците во дел од земјите во регионот и во Европа. Состојбата со почитување на работничките прва се влошува, иакона хартија има закони кои во одредени сегменти треба да ги штитат работниците, вели синдикалецот Пецо Грујовски.

Законите што треба да штитат – штетат !

Фактор: Како го прoфилирате работникот во 21 век – каква е реазликата меѓу работникот некогаш и сега?

Грујовски: Како модерен роб кој докрај не може да ги оствари правата од работен однос дури кога и законот и колективниот договор се на негова страна и го штитат. Од година во година состојбата се повеќе се влошува и ако продолжи тој тренд на намалување на работничките права и неможноста истите кои му се загарантирани и вистински да ги остварува, мислам дека работникот односно неговиот труд, ќе биде најефтиниот производ во Македонија.

Фактор: Во Македонија постојано се воведува и се менува законската регулатива која треба да ги зајакне и да ги штити работничките права – дали законите создадоа “модерни робови“ ?

Грујовски: Со мали исклучоци, секоја измена на Законот за работни односи е на штета на работникот. Впрочем, за тоа и се прават по неколку измени годишно. Законот не му нуди сигурност на работникот. Од неговото донесување до сега тој претрпел дваесетина измени. Во такви околности работникот е модерен роб.

Фактор: Дали можеме да кажеме дека законските решенија го штитат работникот?

Грујовски: Би рекол дека помалку го штитат отколку што штитат и не му даваат сигурност во остварување на неговите права. Иако работодавачите од приватниот сектор велат дека им требаат работници, вистински професионалци и дека секој работодавач е подготвен да го награди таквиот работник, во праксата тоа не е случај. И добрите работници се топат во сивилото на владината политика *за најевтина работна сила* и 12.000 плата. А работниците треба да бидат задоволни затоа што работат. Да имате денес работа, тоа е најголемата награда за секој граѓанин, а тоа што има плата под секое достоинство, не треба да биде проблем и да се актуелизира. Иако не толку аларманта ама и позицијата на работникот во јавниот сектор не е значително подобра од приватниот.

Минимална плата – колку го подобри стандардот ?

Фактор: Како се толкува податокот дека околу 70% од работниците примаат плата помала од републичкиот прсек?

Грујовски: Затоа Македонија се претставува кај странските инвеститори како рај со плата од 200 евра,таму има работници кои мораат да работаат и повеќе од полното работно време и не смеат синдикално да се организираат и не смеат да ги бараат своите права. Наместо Македонија да нуди квалитетна работна сила со која ке ги привлече странските инвеститори,се нуди најефтина работна сила. Работата е во старт погрешна.

Фактор: Македонија беше една од последните земји во Европа што воведе минимална плата, колку ова може да се смета за голем чекоро во подобрување на стандардот на работниците?

Грујовски: Добро е што конечно во Македонија пред неколку години се утврди минималната плата. Но, минималната плата ја утврди Владата а учеството на Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачите беше само декоративна. Намерата вероватно била и Македонија да има најниска плата а колка ва е таа, дали таа ги задоволува основните потреби на работникот, дали е таа соодветна на неговиот труд, тоа никој не го покренува.

Фактор: Борба за подобри права – синдикатот треба да преговара со Владата за подобрување на правата, но дали овој модел прерасна во премолен “пакт“ на сидикатите со власата? Дали сидикатите во земјава воопшто ја извршуваат својата функција?

Грујовски: Од осамостојувањето на Македонија, Сојузот на синдикатите на Македонија како единствен релевантен и мнозински синдикат се обидуваше да застане во одбрана на правата на работниците. Колку беше успешен е друго прашање, но околностите во кои се водеше битката и мислењето на мнозинството дека некој друг треба да се избори за нашите права е погубно за позицијата на трудот а со тоа и позицијата на работникот во Македонија. Последниве седум – осум години кога власта си постави свој повереник во ССМ а КСС вештачки стана репрезентативен синдикат и формиран од власта, синдикалната борба е отупена до непрепознатливост. Симндикалното движење во Македонија е во длабока криза.

Фактор: Што треба да се менува ?

Грујвски: Многу работи на полето на трудот. Најпрво нов Закон за работни односи, вистински социјален дијалог, потпишувње на колективни договори на сите нивоа – Општ на ниво на држава, посебните на ниво на гранка и поединечните на ниво на работодавач. Но не само да се потпишат, туку и да се почитуваат.

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?