25 Мај, 2024
0.0269

10 работи што богатите луѓе ги прават, а сиромашните не!

Објавено во: Стил 04 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Богатите луѓе едноставно се справуваат подобро со парите или пак има нешто суштинско од она што придонесува за нивниот успех?

Повеќето луѓе би се согласиле дека изборот на одреден начин на живот и секојдневните навики се исто толку вредни во извршување на богатството, како и подобро разбирање на финансиските прашања.

Постојат некои работи кои никогаш не треба да ги правите ако финансиската сигурност е една од главните цели. Неодамна американскиот автор Том Корли објави листа со десет работи кои придонесуваат за збогатување, проследено со листа на 18 работи поради кои луѓето не можат да се збогатат. Друг автор - Дејв Ремзи, пак ги користи кратките идеите на Корли во својата листа од 20 точки, од кој пак „news.com.au“ извадиле 10 работи што богатите луѓе ги прават, а сиромашните не.

Треба да се има предвид дека овие работи немаат ништо заедничко со парите.

А тие се:

1. Се хранат правилно. Во една студија направена од самиот Корли, открива дека 70% од најбогатите луѓе земаат помалку од 300 калории од главниот оброк на ден. За споредба 97% од нив сиромашните луѓе земаат над 300 калории од главниот оброк дневно.

2. Не ги покажуваат картите. Дали сте ја кажале на глас секоја мисла, која ви поминува низ главата? Престанете да го правите тоа. Тоа не ве прави да изгледате похрабар, или кул, или визионер или што и да било, наместо тоа ќе ви залепат етикета за опасен, потенцијален предавник и дефинитивно не човек кој ќе добие покачување. Корли открива дека 11,6% од најбогатите луѓе кажуваат што мислат во споредба со неверојатни 69% од сиромашните луѓе.

3. Поставете си цел. Вкупно 80% од најбогатите луѓе се концентирани на постигнување на некоја цел, во споредба со само 12% од сиромашните луѓе. Веројатноста богатите луѓе да си ја запишуваат целта е четири пати поголема во споредба со сиромашните луѓе. Корли исто така вели дека треба да се прави разлика помеѓу желбата и целта.

4. Одржуваат форма. Знаете зашто велат за здравото тело и здравиот дух. Според Корли 76% од најбогатите луѓе прават аеробик вежби барем по четири пати во неделата. Дури 23% од сиромашните луѓе можат да се пофалат со истото.

5. Организирани се. Премногу елементарно е за да биде вистина, но 81% од најбогатите луѓе имаат листа на нешта кои треба да ги направат. Дури 19% од сиромашните луѓе имаат таква листа. Може да се обидете со старомоден модел на лист хартија и пенкало.

6. Читаат. Цели 88% од најбогатите луѓе читаат по 30 минути на ден материјали поврзани со нивното образование или кариера, додека само 2% од сиромашните луѓе го прават тоа. Ако сакате да пливате во базен од пари, треба да престанете да играте „Angry Birds“ и да земете книга во рака.

7. Се јавуваат кај баба. Корли открил дека 80% од најбогатите луѓе се јавуваат по телефон, за да  честитаат родендени во споредба со само 11% од сиромашните луѓе. И додека никој не навестува дека ако се јавувате кај баба ви ќе се збогатите, овие податоци ја потврдуваат старата поговорка: „Ако сакаш нешто да биде направено, направи го како зафатен човек“.

8. Не гледаат Big Brother. На сите им е јасно дека гледањето на риалити шоу не е добро за вашето размислување. Во сите случаи, ако го правите, учествувате во нешто што пречи најмногу на секој кој е никој да стане некој. Корли открива дека 67% од најбогатите луѓе гледаат по еден час или помалку телевизија на ден, а само 6% гледаат риалити шоу. Да, само 6% во споредба со 78% од сиромашните луѓе.

9. Не се обложуваат. Дури 23% од најбогатите луѓе не се коцкаат, во споредба со 52% од сиромашните.

10. Бегаат во своја трка. Веројатно нема да стигнете далеку во животот, ако го следите секој чекор буквално. Конзумирајте ги работите кои се важни за вас, но не заборавајте дека треба да сте малку флексибилни и да ги правите работите на ваш начин.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“