24 Мај, 2024
0.0335

5 навики кои ве сопкаат на патот кон успешната кариера

Објавено во: Стил 05 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Вложувате напори во работата, но не успевате да се разликувате помеѓу колегите и унапредувањето изгледа се подалеку? Факторите за тоа се сложени, но еден од нив веројатно е непрофесионалното однесување во дадени ситуации. Можно е самите вие да не сфаќате дека имате навики кои ве кочат кон успехот, пишува „Lifehack“. Ако ги следните петте својствени навики, тогаш имајте на ум дека сами си ја кочите кариерата:

Шарен поглед. Не го гледате во очите човекот кој ви зборува нешто, или пак покажувате неангажираност. Видниот контакт сепак е знак за доверба, а таа пак е квалитет, исклучително ценет од работодавците.

Прифаќање на нештата со песимизам. Изразите „какво такво“ и „тука е така“ се вашето мото. Ве мрзи да се обидувате да ги промените работите кои всушност имаат потреба од промена. Сте формирале негативно мислење за работното место и не помислувате дека може тоа да е пристрасно. Наместо тоа направете листа со одлуките кои ви се гледаат проблематични, и разговарајте со вашиот шеф за нив. Тој сигурно ќе ја оцени иницијативата.

„Според мое мислење“. Се разбира дека е убаво човек да има мислење. И сепак користењето на оваа фраза секој пат кога велите нешто е заштитен механизам. Тоа покажува несигурност и неподготвеност да бидете дел од тимот. Едноставно кажете го своето тврдење без такви појаснувања.

Изолација. Нема побрз начин да се претворите во аутсајдер од постојаната употреба на „вие“: „Вие сакавте ... вие рековте ...“ итн. Дури и да постојат работи со кои не се согласувате, најдобар начин да ги промените е да го зацврстите своето место во колективот. Нема тоа да го направите ако свесно се изолирате.

Непристојни однесувања. Изненадувачки голем е бројот на луѓето кои се сметаат за професионалци, но во исто време немавме проблем да пцуете на работното место. Независно што ви се надвиснало на главата, тоа не е прифатливо и ништо не може да го оправда.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“