(ВИДЕО) САМО ЧАД И ПЕПЕЛ: Објавена снимка од местото каде се урна авионот во кој загина најбогатата Русинка Филева
Објавено во: Свет 01 Април, 2019
Каналот „hr-fernsehen“ објави снимка од местото на авионската несреќа во која загина една од сопственичките на авионската компанија S7 Наталија Филева.
Таа, заедно со татко си Валери Карачев летала на лекување во Германија во приватниот авион, Епик ЛТ. Во авионот се наоѓал и пилотот.
Прил сетување на аеродромот Егелсберг во Франкфурт малиот авион од непознати причини се урнал. Никој не ја преживеал оваа несреќа.
Истрагата ќе ја води меѓународна комисија, со учество на руски експерти.
Богатството на Наталија Филева се проценува на околу 600 милиони долари.
Foto: Printscreen YouTube