Добивај вести на Viber
Италијанската авионска компанија Алиталија идната 2013-та година планира да воведе осум нови линии од римскиот аеродром Леонардо да Винчи. Меѓу нив е и линијата Рим-Подгорица, со што компанијата влегува и во Црна Гора.
Македонија засега не се споменува како можна дестинација за влез на Алиталија.
Авионите на оваа италијанска авиокомпанија ќе летаат на релација Рим-Подгорица три пати неделно, во вторник, четврток и сабота.