Асанж се појави пред судот во Лондон
Објавено во: Свет 01 Мај, 2019
Основачот на Викиликс, Џулијан
Асанж, денес се појави на суд во Лондон, каде што требаше да биде осуден поради
кршење на условите за помилување пред речиси седум години, по што се криел во
амбасадата на Еквадор во Лондон.
Асанж, кој беше уапсен од амбасадата
минатиот месец, носел црна јакна над сива дуксерка.
Асанж беше осуден минатиот месец поради неисполнување на условите за кауција, бидејќи неговата екстрадиција во Шведска беше наредена под обвинение за силување. САД, исто така, го обвинија за учество во еден од најголемите шпионски скандали.